Наслов

Трчај со полни гради

Трчањето е едно од најприродните активности за човекот. Некој трча заради рекреација, за некого трчањето е животен стил, а за некои од нас пак трчањето е одамна заборавена игра на која се сеќаваме или навраќаме од време на време. Без разлика на тоа во која група спаѓате, постои еден фактор од кои зависи дали трчањето ќе се претвори во измачување или пак ќе со неизвесност ќе го очекувате следниот тренинг.

Повеќето од луѓето не ни помислуваат на капацитетот на нивните бели дробови се додека не почнат да трчаат или пак се додека не го надминат вообичаениот интензитет на кардио тренинг. Од количината на кислород која вашите бели дробови можат да го акумулираат во голема мера зависи како ќе се чувствувате за време на трчањето или пак во колкава мера ќе напредувате со тек на време. Постојат многу начини со кои можете позитивно да влијаете на зголемување на капацитетот на белите дробови иако веројатно најдобриот начин е константноста и методичноста на тренингот.

Тренинг на височина

Ако вашите секојдневни тренинзи се одвиваат на ниска надморска височина, вашето тело е аклиматизирано на овие услови и секое искачување на височина над 2000м може да предизвика сериозен проблеми како што се замор, губење здив и зашеметеност. Сето ова е последица на тоа што вашите бели дробови тешко се снаоѓаат со разредениот кислород кој се наоѓа на овие височини.

Затоа со тренирањето на височина вашето тело постепено ќе се привикнува на новите услови со тоа што ќе произведува повеќе црвени крвни зрнца и севкупно зголемување на капацитетот на белите дробови. Имајте на ум дека ова е привремено решение кое треба да се применува повремено затоа што ваквиот тренинг ќе има ефект врз вашето тело во период од 15тина дена што го прави идеален за пред трка или натпревар.

Тренинг со респираторна маска

Ако сте сериозен тркач или спортист кои има повисоки и посериозни цели, тренингот со маска е една опциите кои сериозно треба да ги имате во предвид. Иако изгледа морничаво, респираторната маска во суштина е идеална замена за висинскиот тренинг. Респираторните маски се дизјанирани така што го блокираат протокот на воздух кој го вдишувате, со што ја форсираат дијафрагмата да работи понапорно и со тоа да перманентно да го зголемува капацитетот на белите дробови. Најголемиот дел од маските имаат 3 различни нивоа на блокирање на кислородот. Напредувајте постепено и со сигурност ќе почустувате разлика во дишењето.

Кардиоваскуларни активности

Да се потсетиме дека не постои магично стапче. Во спортот секогаш е потребен труд, дисциплина и континуитет. Ако трчате на редовна основа, тогаш единствената работа која треба да ја правите е да продолжите тренирање. Ако пак сте почетник тогаш бидете трпеливи и комбинирајте повеќе спортови кои имаат кардиоваскуларен ефект. Одберете пливање, велосипедизам, скијање и.т.н.

Престанете да пушите цигари

Најлошото нешто кое можете да им го направите на вашите бели дробови е да сте пушач. Во 2013та година Светската Здравствена Организација го смести пушењето меѓу трите најголеми уништувачи на белите дробови. Катранот и другите канцерогени супстанци од тутунот ги блокираат вашите бели дробови со што дишењето и протокот на кислород во телото е намалено во голема мера.

29 Август 2017

За авторот