10 златни правила за трчање од Алберто Салазар

Трикратниот победник на Њу Јорк Сити маратонот и своевремен рекордер во оваа дисциплина, Салазар е една од иконите на трчањето која ги има научено работите по потешкиот пат. Денеска тој е професионален тренер по трчање, а ова се неговите совети, за ваши подобри резултати.

1. Држете постојаност

Најдете тренинг план до кој што можете да се држите на долг рок. Ако можете да трчате четири дена во неделата, секоја недела, ќе ќарите 90 проценти од бенефициите на тренингот, седум дена во неделата.

2. Земете ги деновите за одмор „мртво“ сериозно 

После деновите со исцрпувачки тренинг, се` што сакате да направите е лесно да џогирате или да направите крос-тренинг, како велосипед. Потребен ви е ден за одмор после напорен тренинг. Без исклучоци.

3. Константно зголемувајте ја километражата

Без разлика колку се чувствувате спремни, бидете константни и градете ги километрите постепено. Ќе биде касно кога ќе дознаете дека премногу тренирате.

4. Останете на земја

Тврдите подлоги можат да ви ги оштетат зглобовите, лигаментите и мускулите. Колку повеќе трчате на трева и земја, толку подобро. Моите атлети трчаат 90 проценти на помеки подлоги. 

5. Трчајте побрзо

Тешко е да се натпреварувате побрзо отколку што тренирате. Колку што сакате брзо да трчате на натпревар, толку повеќе треба да инкорпорирате кратки и брзи интервали во тренингот. 

6. Зајакнете го целото тело

Добрите тркачи прават припрема на целото тело. Рацете ги движат нозете. Држете го торзото во добра форма со многу склекови, подигања на вратило и стомачни, а не заборавајте да го работите и грбот. Работете пилатес и динамични вежби за флексибилност како јога. 

7. Носете правилни патики

Втората најчеста причина за повреда, после трчањето на многу тврди подлоги е нестабилноста на патиката. Колку повеќе трчате, толку повеќе поддршка е потребна за вашите стапала. 

8. Изградете ја формата

Секое движење на телото треба да ве носи нанапред. Доколку чекорот ви е преголем, губите сила. Држењето треба да ви биде исправено, а водечката нога секогаш треба да завршува директно под вас. 

9. Храбро справете се со двоумењето

Во некој период ќе влезете во „сива“ зона која може да биде многу тешка. Издржете ја и никогаш не мислете дека сте ментално слаби. 

10. Вметнете технологија во тренингот

Ако немате доволно знаење во тоа што го правите, нема да го извадите максимумот или пак ќе се повредите. Со денешниот интернет, ГПС телефони и монитори за срцева активност секој може индивидуално да се тренирате. Употребете го знаењето и алатките што се на пазарот за да ја подобрите вашата форма.

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија