таг / жени

За сите девојки и жени кои уживаат во секој момент од денот, ZOE ја подготви новата колекција WOMEN:NOW која инспирира.

Средношколката Тијана Митрева од Кавадарци со својата квалитетна игра на кошаркарскиот терен заслужи место да игра и да се натпреварува за тимот Алгеро во Италија веќе втора година по ред. Реалноста за македонските кошаркарки во наши услови се далеку од розови, но секоја чест за младите девојки кои и покрај тоа се борат и успеваат да го добијат она за што напорно работат, бидејќи само со труд се остваруваат желбите.

Женскиот спорт во Македонија е маргинализиран и поретко пласиран во јавноста, и оваа акција има за цел повторно да го популаризира и промовира значењето на женскиот спорт, важноста од успешни примери (role models) кај помладите генерации, како и итноста од креирање на стратегија за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

Жаклина е нашата прва соговорничка со која ја отпочнуваме следната активност на ТАКТ која подразбира објавување на интервјуа со наши познати и помалку познати жени спортистки кои јавно проговоруваат за предизвиците со кои се соочуваат во нашата средина но и за резултатите и успесите кои ги постигнуваат на работно поле.





Дамите, за разлика од мажите, многу потешко можат да создадат мускулна маса. Ова е факт кој првенствено произлегува и е зависен од нивото на тестостерон кој кај жените е многу понизок. Сепак постојат разлики...

Изминатиов викенд во ОУ „Братство" во Скопје се одржа првиот меѓународен турнир во женско борење „9-ти Мај'' на кој земаа учество претставници од Србија, Бугарија, Косово и Македонија.

Александра И. Маленкоска на свои 10 години почнува да се натпреварува во веслање и освојување трофеи. Во 2007 год. на Светското првенство во Минхен го освојуваат 16.место во дубал скул.

По најновите вести за победи на професионално поле во ракометот, но сега во улога на тренер, поразговаравме со Андријана Будимир околу значајноста на женскиот спорт и жени со тренерска професија. Во еден момент од својата кариера таа реши да направи решителен пресврт и започна со тренирање на млади надежни кадри во РК ,,Вардар" и со тоа започна нова етапа на ракометните терени. По успешната кариера како играч, за наша среќа таа реши да остане во Македонија и да ја пренесе љубовта и знаењето на младите генерации ракометари/-ки.

Сите сличности се случајни! 

На само 19 години таа има освоено завиден број титули на Светските шампионати. Се очекува дека во Рио ќе земе шест златни медали со што ќе влезе во легендите на гимнастиката. Ја споредуваат со Надја Команечи... Погледнете и самите во нејзините способности како врвен гимнастичар. 

FB Препораки