таг / забава

Од 19 до 25 јуни се одржа првата смена од летниот камп SUN & FUN во авто кампот Ливадиште. Триесетина ученици на возраст од 10 до 14 години имаа можност да уживаат на бреговите на Охридското езеро, но воедно и да научат многу од обуките што се одржуваа во тие седум дена.

Од среда 27 јули до вторник 2 август ќе се одржи отвореното првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2016, што ќе претставува 10 годишен јубилеј на овој спорт во Охрид и Македонија.

Годишните одмори за најголем дел од луѓето подразбираат комплетно препуштање на задоволствата и награда за минатиот труд. Сепак една малку помала група на „зависници'' нема да издржи 10тина дена без никаква активност. Токму за нив, идеална замена за стандардниот тренинг е трчањето на песок. 

Дружината од четворица водни мускетари Иван, Чавка, Бане и Тони си уживаат во времето идеално за windsurf...

Кратко, но доволно видео што прикажува како мајките можат да бидат позитивен модел за своите деца во однос на физичката активност и да ја пренесат нејзината важност уште во првите години од животот. Забавно и ефективно!

Веќе втора година како брендовите Алгасан и Бут Камп Бубало го организираат и реализираат натпреварот наречен Ултимативен Фит Предизвик Vol. 2 (УФП2016).

Вентилот за испуштање на стресот понекогаш може да биде зарѓавен. Сепак постои место каде и возрасните може да ѝ се вратат на детската радост, а експертите даваат неколку добри причини зошто следен пат и вие да се фрлите во базенот со топчиња...

Одлично расположение, сите подготвени за игра и одговарање на прашања, ова е само дел од она што се случуваше на нашето дружење со Четко кај Авиончето во општина Аеродром.

Кој не би посакал вакво лето гледано од секоја перспектива :)

FB Препораки