таг / велосипедска тура

Овој викенд на 2 и 3 јуни во исклучително живописниот и питом регион на Малешевските планини, во организација на Спортско Планински Клуб Малешевска Корија за прв пат ќе се одржи фестивалот „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТ АВАНТУРА 2018". Настанот е наменет за сите љубители на природата, спортисти, рекреативци, фамилијарни посетители, како и за оние љубопитни кои сакаат подобро да го запознаат гратчето Берово.

Денот 21 јуни можеби е светски ден на јогата, но е локален и важен ден за Охридското езеро и се прославува од 2000та година, на иницијатива од Билатералниот Секретаријат за заштита на езерото и сливот на водите, кога за прв пат општините Поградец, Струга и Охрид потпишаа мемеорандум за разбирање и соработка, за зачувување на природното богатство.

По некоја убава случајност за време на празникот Велигден во Скопје конечно (после дводневна борба со Вардарецот во гради) пристигна Огњен Јолџиќ, млад авантурист од Србија кој беше тргнат на неговата прва самостојна подолга вело-тура од Суботица до Истанбул и назад преку Скопје.

Овој викенд имавме можност далечинскиот управувач да го калибрираме на нешто многу поинакво од досадните локални ТВ канали. Топло препорачуваме да ја изгледате оваа епизода, и да си направите некоја во ваш стил и режија, без разлика дали имате или немате некоја јака продукција. Најдоброто што може да ви се случи е да се навлечете токму на оваа серија. 

Звучеше некако премногу привлечно за да биде пропуштено - велосипедски маратон на струшката страна од Охридското Езеро именуван по автентично влашко име на едно село скриено во прекрасната Јабланица. 

FB Препораки