таг / утмб

Седам во зачадена просторија на чинам четврти беше на Благој Давков и зјапам во отворениот лап топ додека паралелно размислувам дека конечно и финално треба да ги откажам цигарите. Надвор е лето а календарот вели некаде крај на јули или почеток на август 2014. Вртејќи со тоа тркалцето наидувам на објава која вели дека во некој предел на Прилеп се одржува трка во должина од 65 километри по име Крали Марко Треилс, и таа оди низ брда и планини, прашина и камења и сите фини и не толку фини атмосферски влијанија на the great outdoors. Одличен предизвик за тазе трансверзалец и некој што се обидува како со пенкало да го погоди копчето ресет. Четири години подоцна, текстов го пишувам како целосно позитивно променета личност, некој што го прифатил активниот начин на живот како секојдневие, а во меѓувреме се случија низа интересни работи... 

Мајката се вика Софи Пауер (во превод сила), малото е 3 месеци, а трката е 171 километар со многу јаки угорници и удолници. Софи ја заврши УТМБ за 43 часа и 33 минути, а во текот на трката мораше да калкулира застанувања за доење на малиот по име Кормак. А ние од тука сигурно ќе се запрашаме „шо мајка бара оваа на 43 саати трка”, „има ли маж” и еден куп други дилеми. А, да, таткото помагал. 

Денес во 18 часот по локално време во Шамони, Франција, започнува една од најпознатите трки во планинско трчање на светско ниво - Ултра Треил ду Мон Блан. Македонија ќе ја претставува еден учесник - Дејан Крле. 

Повеќе за Ултра Треил ду Мон Блан ТУКА 

Најголемата европска и светска тркачка атракција на полето на ултра долгите планински маратони е спремна за својот старт оваа година. Тркачката неделна „гозба” околу масивот Монт Блан во Франција, Швајцарија и Италија е веќе на пат преку „помалите” трки, а главното шоу е закажано за утре, петок - 28.08.2015. 

Денеска од Скопје за Шамони поаѓа петчлениот тим на Трекс/ПСД Макпетрол кој оваа година ќе учествува на една од најпрестижните и познати планински ултрамаратонски трки во светот - Ултра Треил ду Мон Блан 2018. 

Иако можеби малку касно ви ја пренесуваме оваа вест, но нас ни ја исполни душата откако дознавме дека ова активно старче на свои 73 години после четири неуспешни обиди, во петтиот, оваа година, успеа да ги мине 100-те милји на Ултра Треил ду Монт Блан. Нека биде ова една убава мотивација за сите нас, без разлика на годините. 

Вчера во продукција на Camp4Collective беше објавен новиот филм на The North Face, Curiosity („Љубопитност“) кој следеше дел од животните прикаски на тројца ултрамаратонци, Рори Босио, Тимоти Олсон и Хал Кернер на нивниот УТМБ настап, но и на еден наратор со британски акцент.

FB Препораки