таг / стрит вју

Уште пред некое време Гугл почна да го носи неговиот „Стрит вју” каде што апсолутно нема никакви улици, па од кујната на интернет гигантот излегоа доста интересни проекти преку кои со клик можеш да се прошеташ во базниот камп на Еверест, Мон Блан, древните манастири на Ангкор Ват, кањонот на реката Колорадо, Маунт Фиџи итн., но дефинитивно најинтересна од повеќе аспекти е посетата т.е. искачувањето на „Носот” на карпата Ел Капитан во Јосемити. 

Откако СтритВју на Гугл нè однесе на Кумбу во Непал, ред дојде и на Ел Капитан во Јосемити. Носот го качуваа Лин Хил, Алекс Хонолд и Томи Калдвел, а екипата на Гугл документираше, па еве сега и вие имате можност да истражувате. Знаеме дека не е ни од блиску исто, ама ајде, знаеме и дека ќе ви биде мерак.

Многумина од нас можеби ќе немаат шанса да ги посетат Хималаите и околината на Еверест, но секогаш ќе постои шансава со неколку клика да ги видите „паркинзите” за јакови во Кумбу, регионалните мали училишта и „кафичи” како и светите места на највисокиот регион на планетава. 

FB Препораки