таг / стапала

Веројатно имате тренинг план, денови во кои тренирате специфична мускулна група од телото или пак денови во кои фокусот е ставен на кардио вежбите. Во целиот тој тренажен режим постои еден дел од телото кој речиси сите комплетно го запоставуваме. Кога последен пат сте направиле тренинг за сила и издржливост на стапалата?

За разлика од летото, кога стапалата се изложени на погледи и обрнуваме особено внимание на нивната нега, најчесто во текот на зимата ги подзаборавиме и ја занемаруваме негата и грижата за нив. Но, стапалата бараат нега во текот на целата година, особено кај луѓето кои се физички активни, односно се занимаваат со спорт.

Стапалата си бараат особено внимание и нега бидејќи се одговорни за многубројни движења, сакани и несакани прилагодувања во однос на подлогата. Тие се композиција од многу мускули, ситни коски, тетиви и лигаменти кои што даваат специфичност во реализацијата на движењата. Целата тежина од телото паѓа на нив додека секојдневно носиме разновидни обувки во кои се движиме, стоиме, спортуваме... и кои не секогаш ни се пријатни за носење при што придонесуваат за развој на габични и бактериски инфекции, испукани, уморни и болни стапала. 

FB Препораки