таг / совети

Месеци поминати во дисциплина и посветеност за една цел - Маратон. Безброј тренинзи, безброј мечти за големиот ден. На 48 часа пред стартот на големата трка, време е да се позанимаваме со некои ситни детали кои битно може да влијаат на конечниот резултат.

Почетник сте или можеби веќе подолг временски период професионално се занимавате со спортска активност? Без разлика на која група припаѓате, важно е да знаете што треба да преземете за да го намалите ризикот од повреди. Повредите се појава што им се случува и на најискусните и не само што можат да ве спречат да ги постигнете посакуваните резултати, туку и да предизвикаат болка што трае подолг временски период.

Не постои лоша авантура, само лошо друштво!

Колку пати ви се случило да се најдете пред фрижидерот и да зјапате во него мислејќи што попрво да земете иако не чувствувате глад? Дали ви се случува постојано да имате потреба да јадете иако во текот на денот не сте прескокнале ниту еден оброк? Кога следниот пат ќе се најдете во вакво или слични сценарио, направете чекор назад и сетете се на оваа статија. Гладот не е секогаш вистинска потреба за храна.

Општо познат факт е дека физичката активност е позитивна за вaшиот организам поради различни причини. Редовните тренинзи и физичка активност ќе ви донесат здравје, ќе го разубават вашето тело и ќе го подобри вашиот перформанс. Во идеалното сценарио секој нареден тренинг ќе биде подобар од претходниот и вашиот напредок ќе биде постојан, но во реалноста пак постојат многу фактори кои влијаат на тоа колку ќе тренирате и дали ќе тренирате воопшто.

Кога имунолошкиот систем функционира правилно, вие сте здрави и имате многу мали шанси за разболување.

Ако отсекогаш сте сакале да започнете со еден од најубавите спортови кои постојат, тогаш можеби токму сезонава е време. Потребно е да го сакате снегот, брзината и добро да се забавувате. Прочитајте некои основни совети наменети за почетниците во скијањето.

Веројатно прво што треба да разбереш, ако досега не си разбрал, дека за да бидеш рекреативец кој е „про” е малку повеќе од тешко, но секако дека со добра и правилна работа и мотивација се прават одлични резултати. Затоа, нема откажување, освен кога навистина треба...

Трчањето е едно од најприродните активности за човекот. Некој трча заради рекреација, за некого трчањето е животен стил, а за некои од нас пак трчањето е одамна заборавена игра на која се сеќаваме или навраќаме од време на време. Без разлика на тоа во која група спаѓате, постои еден фактор од кои зависи дали трчањето ќе се претвори во измачување или пак ќе со неизвесност ќе го очекувате следниот тренинг.

Ок, временските услови се совршени за возење велосипед. Станувате навлечени на овој спорт, сè повеќе ве интересираат подолгите тури и размислувате за првата 100ка. Дали знаете што се треба да направите или ви е неопходно за еден таков подвиг?

Тема која секогаш е актуелна и за која сите имаат свое мислење и став. Ако запрашате 100 различни тренери ќе добиете 100 различни одговори. Која е всушност вистината? Постојат ли вежби кои најдобро ги топат килограмите и кои се тие?

FB Препораки