таг / снег

Летните каприци на времето продолжуваат, известуваат од бугарската телевизија Карлово. Додека ден претходно температурите биле околу 30-тиот степен, само 24 часа подоцна, двајца планинари на врвот направиле снешко. Го крстиле Јули. 

Дечки од Австрија случајно на интернет дознаваат дека во Македонија имало планини со убав снег за фрирајд и откако наоѓаат подетални информации за нивната нова авантура се впуштаат во одлично време и многу свеж снег на Шапка по што оставаат прекрасно видео како спомен...

Трчањето е спорт на отворено за кој ретко кога има совршени услови за тренинг. Честопати тренингот е пропратен со силен ветер, високи температури, дожд, магла, влага а понекогаш и со екстремно ниски температури. Да се биде тркач значи да се биде посветен на спортот дури и кога температурата е длабоко во негатива.

Според некои извори, во повисоките делови на Алпите (регион Аоста и Пиедмонт) има паднато околу 270 сантиметри снег во изминатите неколку дена. 

Ски уживање во длабок снег на нашите падини... 

Деновиве Водно наликува на мини ски центар каде во длабокиот снег уживаат многу љубители на ски и сноуборд. Погледнете го видеото и сè ќе ви стане јасно! А може и да посакате веднаш да тргнете натаму...

За да не ви се криви единствено јавните служби кои „никогаш” не го чистат снегот, може и вие да фатите некоја лопата!

Бидејќи возењето велосипед на суво е преценето и обично, луѓето во Швајцарија си организираат вакви фестивали за велосипедските неконформисти... А како што тргнала работата, може ова и кај нас да се проба!

FB Препораки