таг / скокови

Јане Стефанов од Аероклуб „Скопје" на уникатен начин и го честита 70от роденденот на својата мајка Марионка Стефанова-Маре.  Подарок од соништата - скок со падобран на спортскиот аеродром Стенковец.. 

Лето е, топло е и ви треба освежување. Сакате забава и одмор од рутината. Скокањето во вода е секако забавно, но пред да се залетате за легендарната "ласта" ајде да се позанимаваме со безбедноста поврзана со водените лудории изведени од височина. 

Иако звучи како некоја куќа од „Игра на тронови”, The House of Dancing Water е реална циркуска атракција од Макау која се одвива над и во вода. Значи, ако не ви се интересни сите оние скокови од платформа или отскочна даска тогаш лулашка му е мајката.

  1. Не секогаш имате време и простор да направите добар кардио тренинг. Патеката за трчање во вашиот фитнес центар е со листа за чекање а надвор е премногу ладно. Тоа што ви останува како добра варијанта е да земете јаже за скокање. Иако се малкумина они кои ќе ви го предложат како тренинг опција, јажето со сигурност може да се носи рамо до рамо со сите други кардио вежби. 

Уште од пред приближно 450 години Величенствениот Султан што сега го гледате по телевизии во тоа време го дал аберот да се гради Стари Мост на реката Неретва во Мостар. По неговата изградба младите локалци започнуваат една многу интересна традиција на скокови од него во студената река како начин на докажување на машкоста. Традицијата трае и до ден денес, а оваа година беше дополнета со настап на светската елита во овој спорт. 

Денес почнуваат Psicobloc мастерсите, односно соло качување над голема вода. Еве како си правеа тест на големата вода (во случајов солидно голем базен во Јута).

SOLD OUT - Next Available in 2013!!!! 

FB Препораки