таг / ракомет

Сезоната 2018/19 заврши со церемонијата за доделување на награди на најдобрите екипи и поединци. На свеченоста присуствуваше тренерот на Вардар Роберто Парондо и Аце Станковски, кој е дел од тренерскиот тим на Вардар. Првотимката на Вардар Кети Ангеловска беше дел од свеченоста. Фото: Денис Дуковски

Видео со концентрирана емоција посветено на ракометарот на РК Вардар и Македонскиот национален тим во ракомет Стојанче Стоилов во продукција на MP. Вистински херој и личност која мотивира!

Полина Кузнецова, девојката која втора година потпишува договор со РК Вардар и заедно со своите соиграчки неуморно тренира и се подготвува за претстојната Лига на шампиони, каде што високо котираат меѓу оние кои се борат за титула. Таа е личност која дури и кога и е најтешко, оди кон целта што си ја има поставено пред себе. Има уште многу брилијантни моменти во кариерата на младата Полина Кузнецова.

Тоа се луѓето кои доаѓаат први во салата, и си заминуваат последни. Низ нивните раце минуваат сите, и понекогаш тие се главните кога треба да се состави екипата. Од нивната стручност и способност зависи дали тренерот ќе може да смета на сите, како и дали оние што се жалат на повреда можат брзо да се вратат во процесот на тренирање.

Македонскиот олимписки комитет за предстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година.

Ракометен натпревар помеѓу младинските екипи на РК Енхалон и РК Стружанка.

Фото - Дејан Костески

Официјално видео од европското првенство во ракомет во Хрватска посветено на нашите страсни навивачи!! Уживајте и се слушаме на следниот натпревар...

По најновите вести за победи на професионално поле во ракометот, но сега во улога на тренер, поразговаравме со Андријана Будимир околу значајноста на женскиот спорт и жени со тренерска професија. Во еден момент од својата кариера таа реши да направи решителен пресврт и започна со тренирање на млади надежни кадри во РК ,,Вардар" и со тоа започна нова етапа на ракометните терени. По успешната кариера како играч, за наша среќа таа реши да остане во Македонија и да ја пренесе љубовта и знаењето на младите генерации ракометари/-ки.

Ракометарот Филип Миркуловски на својата фејсбук фан страна постираше интересен тренинг како дел од подготовката за престојното Светско првенство во ракомет кое ќе се одржи оваа година во Франција. Тренингот е воден од Димитар Шавкуловски. 

Успешно заврши првиот летен камп во Маврово на „Академија Алушовски". Кампот траеше 5 дена и во него учествуваа голем број на млади таленти на возраст од 7 до 14 години. Момчињата и девојчињата беа придружувани во своите слободни и тренинг активности од  Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Никола Митревски, Петар Ангелов, Веселин Вујовиќ и Андреа Лекиќ како дополнителен мотив за истрајност и успех во нивното израснување во идни репрезентативни ракометари и ракометарки. 

FB Препораки