таг / природа

Отпушоците од цигари се најраспространеиот пластичен отпад во светот кој во голема мера ја загадува нашата почва.

Прогласување на Шар Планина за национален парк е приоритет според Стратегијата за заштита на биодиверзитетот уште од 2004 година. 

Иако насекаде беше пласирано како „неверојатно видео од мајката природа” каде малото мече не се предава и се бори за својот живот, качувајќи се по заснежена стрмна падина откако неколкупати паѓа на работ од провалија, ред дојде мислење да дадат и стручни лица на темата - биолози. 

Единствено во тишина, можеме да ги слушнеме звуците на природата. Природната тишина не е отсуството на звуци од природата, туку отсуството на звуци од модерното живеење. 

Видео на Peak Trip и Marubi. 

Неконтролираното градење, узурпацијата на крајбрежјето, загадувањето со отпадни води и друг отпад, неодржливите туристички практики. Ова се некои од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро - едно од најстарите и најразновидните езера во светот. Експертите предупредуваат дека ако се продолжи да се управува со езерото како досега, тоа што ние го имаме сега, со сигурност ќе го немаат нашите деца. Еко активистите, пак, посочуваат дека исклучиво Владата е одговорна и должна да го заштити Охридскиот регион, кој е прогласен од УНЕСКО за природно и културно светско наследство.

Македонскиот документарен филм „Медена земја” ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

„Погледни длабоко во природата и се ќе ти стане појасно” - Алберт Ајнштајн. 

Овој викенд од 8 до 10 јуни во скриеното село Мрежичко и преубавата бујна природа на кавадаречко Мариово ќе се одржи третото издание на велосипедскиот настан Алшар - Допри го сонцето. 

Во организација на ПСД „Бистра" викендот 22-24 септември се одржа есенскиот богомилски марш од Богомила - Чеплес - Солунска глава - Караџица - Водно.

FB Препораки