таг / помош

Борјан Гигов на 19 мај ќе наполни 7 години. Ова детенце има повеќе дијагнози: аутизам, алалија, комбинирани пречки во развојот...но одобрен му е оперативаен третман во Германија со матични клетки. Мајката и таткото на Борјан, Ане и Трајче апелираат дека им се потребни 23.000 eвра за третманот на Борјан.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Веслачката федерација на Македонија (ВФМ), во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), за потребите на веслачкиот спорт во следните две години, на предлог на ФИСА го ангажираше Хронис Властаридис, еден од најдобрите ФИСА експерти во светот за обука на тренери за веслање и за развој на веслачкиот спортски систем во Македонија.

Шинувањето односно дисторзијата на глуждот (скочниот зглоб) е можеби најчестата спортска повреда, а најчесто настанува при инверзија на стапалото – негово вртење кон внатре, додека глуждот во истиот момент е во положба на плантарна флексија.

Многу ми е жал за следното што ќе објавам, ама така стојат работите треба да се соочиме и да помогнеме.

Повеќе истакнати експерти разработуваат истражувања, клиничката апликација и користа од Трансценденталната медитација со цел да се намалат пореметувањата поврзани со стресот, подобрување на фунцијата на мозокот и подобрување на квалитетот на живот кај аутистичните деца.   

Многумина од нас често го посетуваат Титов врв или еднаш годишно во месец мај кога одат 500 до 1000 луѓе на ова групно искачување... исто познавам луѓе кои одат доста и во зима!

Овој викенд скопскиот и тетовскиот регион го зафати невреме од огромни размери кое досега однесе 21 живот, направи непроценлива штета и остави илјадници семеjства во сериозно загрозена ситуација. Ги молиме сите оние кои имаа можност да донираат основни работи кои сега се најпотребни за настраданите тоа да го направат на следните пунктови во Скопје или директно да се вклучат во помошта на настраданите подрачја. 

Конечно после две години постоење, клубот АК8 успеа да обезбеди донација на опрема. Не случајно се оствари оваа помош.

FB Препораки