таг / планинско трчање

На крајот од минатиот месец, охридскиот регион и планината Галичица беа домаќини на првото издание на настанот во планинско тчање Охрид Треил кој се состоеше од две трки во должина од 60 и 35 километри. Уживајте во краткиот видео рекапитулар од настанот каде учество зедоа 130 учесници од 15 држави. 

Во пеколно топол планински викенд на падините на паркот Гермија близу Пришитна, овој викенд се одржа првото издание на трката Гермија Ултра Треил каде учествуваа повеќе планински тркачи од Македонија кои остварија одлични резултати. 

Викендот на 25 мај во Националниот Парк Галичица и Охрид за прв пат се одржа трка во планинско трчање која минуваше низ некои од најубавите и диви предели на планината Галичица. Настанот го стартуваа 130 учесници од 15 држави од кои повеќемина успеаја да го финишираат.

Во фантастични временски услови, пријателска и позитивна атмосфера и со учество на околу 400 тркачи од 20 држави, вчера на падините на Водно и кањонот Матка се одржа второто издание на трката во планинско трчање „Водно Матка Треил Маратон".

Официјален видео тизер на трката Охрид Треил 2019!!

Заокружете го датумот и потврдете ја вашата следна планинска авантура со уникатен поглед на нашите двете прекрасни езера - Охридско и Преспанско. 

Утре на 1 јуни со старт во раните утрински часови, еден од најдобрите планински спортисти кај нас ќе направи целодневен обид за комплетирање на Еверестинг - искачување на висината наЕверест 8848м на една од патеките на Водно.

Најдолгата планинска трансверзала во Бугарија која движи низ билото на Стара Планина овој месец беше целосно измината од бугарскиот ултрамаратонец Божидар Антонов. 

Не е случајно што се погоди времето на 17ти Февруари на врв Чупино, Плачковица. Вообичаено Чупино знае да се покрие во облаци или да дозволи силен ветер. Овојпат ја покажа сета своја посебна енергија и со нетрпение очекуваше натпреварување како тоа што го доживеа минатиот Септември. Чупино даде прекрасно сонце, чисто небо, малку ветер и сончеви зраци на Леглото за подготовка на скара, селско-месо, компири подготвени на жар итн.

Овој февруари на 17.02.2019 очекувајте зимска стрмна трка на Чупино Брдо - 1725 мнв, на Плачковица. 

FB Препораки