таг / планинарење

Понекогаш инспирацијата нè тера да продолжиме да се бориме, а понекогаш ни го менува текот на животот.

Тешко е да се остане рамнодушен на сликата од петте боливиски жени во своите традиционални шарени здолништа опремени со цепини, дерези и кациги на стрмни падини и снежни терени во позадина. Која е нивната приказна?

По безмалку три и пол часа од првата лавина и одвојувањето од групата, конечно стигнав до шумата. Тогаш, помислив повторно и на пријателите. Ми текна дека ако пратам порака кон нив, дека порано или подоцна тие ќе ја примат....

Откако минатата година третата полска експедиција не успеа да го искачи последното неискачено парче од највисоките врвови во зима - К2, оваа сезона се подготвува одличен мешан тим составен од планинари од Русија, Казакстан и Киргистан. 

Со голема желба да се направи соодветен вовед и правилна едукација на најмладите во планинарењето, ПСД Макпетрол од овој октомври започнува со проектот наречен „Родители и деца".

На денешен датум пред 29 години, Димитар Илиевски - Мурато од Битола како дел на македонско-хималајската алпинистичка експедиција „Еверест '89" успеа да направи огромен подвиг за нашата Република и македонскиот спорт. Тој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, но при враќањето не успеа да слезе во последниот висински логор и засекогаш остана таму. Во чест на Диме.

Оваа недела на Попова Шапка, од страна на планинарскиот спортски клуб „Макпетрол” беше спроведена зимска школа за планинарење каде беа работени повеќе основни теми на зимското планинарење. 

Пред точно една година на 25.12.2017, една мала група македонски планинари и планински тркачи, но пред се големи љубители на планината, решија да се предизвикаат себеси во обид за искачување на трите највисоки врвови на Балканот во еден здив. Една година подоцна, го имаме краткото филмче насловено „Зимска Балканска Трилогија” кое во целост го опфаќа овој подвиг. 

Видео од соло искачувањето на Матерхорн од страна на нашиот планинар Александар Кирковски ова лето. 

Нагорнината Маниту (The Manitou incline) е легендарна патека за планинарење која се наоѓа во резерватот Маниту Спрингс во државата Колорадо. Патеката е посебна по тоа што таа впрочем се движи по остатоци од железничка пруга која се протегала долж планината а која своевремено се користела за транспорт на вода од изворите на планината.

FB Препораки