таг / патики

Патиките се основа на секој спорт. Цврстата и стабилна база е нешто што е предуслов за успешен тренинг и елиминирање на несаканите повреди на долг рок.

Сезоната на трчање и спортови на отворено е официјално отворена. Пролет е, а вие сте спремни и подновени за тренинзите кои предстојат. Ако сте нови во спортот би требало да знаете дека пролетта е многу променлива и оттаму не треба да ве изненадуваат често калливите и мокри патеки кои нема многу да ви сметаат вам, но можат и те како да им пречат на вашите омилени патики.

Доаѓа есен, а вие не се одвојувате од вашите омилени патики... ви се шета надвор ама врне дожд, кал и вирови на сите страни...но со кабанициве патиките ќе ви останат ем суви, ем шизички, додека релаксирано играте на дожот... Ете ни маст хев нов изум!

Крајно корисна информација за сите луѓе кои се бават со физичка активност - најмногу со трчање, ви ги споделуваме одличните анимации од Runrepeat.com каде за различните типови на стапала понудени се различни врзувачки решенија. Секој пар стапала си се уникатни и различни, па затоа и покрај типот на патики и нивното врзување може да влијае во еден или друг правец. Sирнете надоле, пронајдете ја вашата група и испробајте...

Дизајнерите на Nike секоја сезона се трудат да ни претстават нова иновација во поглед на технологиите користени во изработката на патики за трчање. Оваа сезона, ни претставуваат иновации со кои се овозможува подобра терморегулација, со цел тркачите да можат несметано да трчаат на долги патеки.

Веќе некое време спортскиот гигант Адидас соработува со организацијата Преговори за океанот”, посветена на намалување на отпадот во водите, а плодот од нивната соработка е тоа што пластиката од океаните сега може удобно да ги краси вашите стапала...

Во вистински баварски дух, новите адидаски се направени од матерјал отпорен на повраќаници и пиво. Пооригинално, здравје. 

Ако одиш по препораките на големите компании - производители на патики за трчање како и атлети спонзорирани од истите, тогаш, најверојатно редовно ќе треба да одвојуваш добар дел од твојот буџет за оваа ставка. Проблемот е во тоа што 1. „амортизацијата” на патиките не зависи само од километражата, туку и од тоа кој, како и каде ги трча патиките и 2. реално не постои некаква поврзаност помеѓу староста на патиките и повредите. 

Нешто повеќе ќе најдете тука

Патиките се неизоставен дел од опремата на речиси сите спортисти. Времето во кое живееме и можностите кои истото ни ги нуди, од нас прават потрошувачи со бескрајни опции на избор, вклучувајќи ја во тоа и спортската опрема. Во целиот тој избор од дизајни, модели и брендови, сте се запрашале ли некогаш како настанала денешната спортска патика?

FB Препораки