таг / опрема

Во видеото човекот објаснува за целата опрема која ја има користено за време на неговото туркање на 36-годишниот рекорд на стазата Боб Грахам оваа недела. Со еден збор, објаснува дека не носи скоро ништо. 

За да ги закачиш скиите или цепинот на ранец, нормалниот начин е да го извадиш ранецот, да ја закачиш и затегнеш опремата на соодветните места (гуртни) и да продолжиш со она што го правиш. Сепак, доколку ви е потребно побрзо и поефективно да ја закачите оваа опрема, а истата да ви биде брзо достапна во следниот период од качувањето, тогаш методот на „Худини” е одличен.

Полека но сигурно, новогодишното шопинг лудило го зема својот залет. Секој од нас се обидува да пронајде некој интересен, несекојдневен подарок за своите најблиски. Земајќи во предвид дека имаме повеќе блиски луѓе кои сакаме да ги даруваме но исто така не заборавајќи дека зимскиот одмор се ближи, ние во Скаут Аутдор Шоп подготвивме акција или Новогодишна Весела Математика, во која што повеќе купуваш толку повеќе добиваш.  

Патиките се неизоставен дел од опремата на речиси сите спортисти. Времето во кое живееме и можностите кои истото ни ги нуди, од нас прават потрошувачи со бескрајни опции на избор, вклучувајќи ја во тоа и спортската опрема. Во целиот тој избор од дизајни, модели и брендови, сте се запрашале ли некогаш како настанала денешната спортска патика?

Физичката активност е секогаш препорачлива, но она што ќе ви направи разлика е како да извадите максимум од тренингот зависно од активноста и опкружувањето што сте го одбрале.

Најчесто одлучувачки фактор во изборот на спортски обувки е УДОБНОСТА, но таа е субјективна и најчесто не е гаранција за правилен избор. Добар избор на патики го намалува процентот на повредите во сите спортови, но најмногу во тркачките.

Во идеалното сценарио вашиот бидон би требало да е испразнет, исчистен и исушен по секој завршен тренинг. Сепак најчестата приказна е потполно заборавен бидон кој ќе го чека следниот тренинг, а за тоа време ќе биде одлична подлога за лоша миризба и мувла... 

Нешто повеќе ќе најдете тука

На тема пливање сме пишувале и ќе пишуваме и во иднина затоа што е феноменален спорт и супер забава посебно во летниот период. Независно дали пливате во базен, езеро, море или река, еден сегмент од пливачката опрема може и тоа како да ви го уништи тренингот или задоволството. Подоле ви претставуваме неколку решенија за замаглените очила за пливање... 

Ако сте од оние кои имале некоја среќа (ако може да се каже) во несреќа па не му го украле цел точак туку само некој дел, наидовме на тазе револуционерен систем за блокирање на сите имбус шрафови. А со „квик релис” шо прајме?

Значи имаше и по наши ски центри „гумена шапка” и фармерка стил што си држат, ама муабетов овде не е од ски центар и не е од некаков развиен град, туку од забутано грузиско село по име Ушгули кое е сместено длабоко во Кавкаските планини и е потрупано 6 месеци од годината со снег. Ушгулшии како народ немаат многу многу контакт со надворешниот свет, па едни гумени чизми и пар Фишерки - скии се доволни за да се исполни страста за скијањето. 

FB Препораки