таг / опоравок

Грипот е сезонско вирусно заболување кое знае да биде вистинска "клетва" за секој активен човек. Еве како да се вратите во аеробните тренинзи без дополнително да си наштетите.

Ако некогаш сте се бавеле со спорт тогаш со сигурност сте го почуствувале синдромот на одложена мускулна болка или замор. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат таквиот замор да го намалите или пак комплетно да го прескокнете.

Дали сте почувствувале болка во мускулите откако сте почнале со нова физичка активност или сте го зголемиле темпото или интензитетот на вообичаениот тренинг? Болката и напнатоста во мускулите се јавува ден-два по вежбањето и може да му се случи на секого, без разлика на вашето ниво на физичка подготвеност.




Без разлика на спортот со кој се бавите, секој тренинг предизвикува микро-трауми врз човековото тело од кои истотото мора да се опорави. Опоравувањето не само што ги враќа мускулите на нивното првобитно фитнес ниво, туку и дополнително влијае врз зголемување на нивната сила и издржливост.

Болките во мускулите, зглобовите т.е. тетивите и лигаментите се најчестата сензација која се доживува после напорен тренинг или натпревар. Повторувачките стресни сосојби кај долгите и интензивни тренинзи се најчестат причина за оваа нормална компликација, a одморот и ладењето после ваквите активности се најдобриот лек за опоравување.

Веројатно сте наишле на брзи решенија кога се работи за физичка активност: ветувањата дека за две недели можете да ослабете и да имате врвно тело се особено актуелни во летниот период. Сите сакаат инстант резултати, со помалку вложено време, но кога се работи за фитнес и воопшто рекреативно спортување, факт е дека ефектот не можете да го постигнете преку ноќ.

Иако безбројните нови формули, напитоци и гелови се веќе добро воспоставени опции за исхрана и хидрирање во светот на спортот и рекреацијата, сепак, скромната банана со нејзините состојки, кога во прашање е јагленохидратниот внес при поголеми напори како и анти-воспалителните ефекти при опоравокот е се уште високо на врвот. 

Хипербаричната оксигенација применета непосредно пред или после интензивен физички напор ги подобрува физичките перформанси и влијае на зголемување на работната способност на спортистот, како и намалување на интензитетот на спортските повреди.

Ако патот ве одведе во соблекуваните на некои клупски гигант после одигран натпревар, нема сомнение дека во очи ќе ви паднат големите буриња и кади наполнети со коцки мраз и по некое пиво што плови за да се разлади пред да биде испиено. 

Еден од најдобрите американски атлетичари во последната декада, Рајан Хал се пензионираше од спортот на 33-годишна возраст поради „наталожување” на бројни симптоми од синдромот на претренираност - слабост, истоштеност и ниски нивоа на тестостерон. Прочитајте колку е важно добро, ама стварно добро да се одморите.

FB Препораки