таг / мраз

Искачувањето на оваа првенствена насока е само продолжување на наративот од настаните раскажани подолу во овој текст. А тој почнува вака:

Сардини. Како ли ги пакуваат... Лего коцки - правоаголни форми перфектно склопени... Питагора, Владо и неговиот тап поглед. Багажникот, диво им пркоси. Мартин и јас одамна сме покорени од оваа битка. Владо е упорен.

Почетокот на овој текст требаше сосема поинаку да изгледа, меѓутоа минатата недела качивме нешто што ќе остане длабоко врежано во нас - сигрно барем во мојата глава. Денот почна рано, со ентузијазам на средношколец за прв школски час, прва смена. Едвај се довлечкав со Партизанот до кај Владо, тој пак, едвај ги смири двете болни мали деца. Релативно касно тргнавме накај селото Патишка Река.

Краткиот докуметарец "What if you Fly" / „Што ако полеташ” ни го прикажува обидот на хавајскиот уметник Шон Јоко да ја покрене свеста за глобалното затоплување преку исцртување на огромни мурали директно на санти мраз кои се топат во близина на најистурената канадска територија Нунавут - која е директно засегната од овие промени. 

Најмаалската форма на хокеј е и една најстарите познати облици на играта која се игра по замрзнати езерца и вирови, подлежи на локални „како ќе се договориш” правила, а се игра на што помали голчиња бидејќи ако го пукаш пакот со сета сила, нема да можеш да го најдеш поради отсуството на ограда. 

Една весела дружина од нашиве простори ги користи ниските температури за високи дози на адреналин.

Паѓа снег... заладува... замрзнува... се лизга... Ако сакаме да сме постабилни, мора нешто да научиме и од пингвините на кои мразот и снегот им се секојдневие. 

Како звучи лизгање на „црн” мраз дебел, или подобро кажано тенок само 45 милиметри. Снимено на езерото Кварнсјон во близина на Стокхолм. 

Ако патот ве одведе во соблекуваните на некои клупски гигант после одигран натпревар, нема сомнение дека во очи ќе ви паднат големите буриња и кади наполнети со коцки мраз и по некое пиво што плови за да се разлади пред да биде испиено. 

Учениците ретко добиваат можност на часот по физичко воспитување да го предизвикаат инстиктот за преживување во екстремни услови, а потоа како ништо да не се случило да се вратат во училишните клупи. Во Шведска ова е реалност.

Раат да си кога ќе падне нареден снег и кога се` ќе се окова во мраз, ем за твое уживање при возењето низ град, ем за пред институциите. Брзо и едноставно местење и градскиот велосипед ви се претвора во зимско чудовиште.

Кристално чисто и замрзнато езеро во некоја дивина, мраз измазнет директно од мајка природа, а додека се лизгаш (или евентуално те влече твојот пес) доле си ги гледаш рипчињата како пливаат. Ете ти начин повторно да се осетиш жив.

FB Препораки