таг / македонија

Симона Стојановска е персонален фитнес тренер што работи во Катар и често е на релација Скопје - Доха. Веќе неколку години по ред се појавува на домашните натпреварувања во Фитнес и Боди Билдинг и забележува виден напредок и резултат во нејзината форма. Затоа одлучивме да поразговараме со Симона за нејзините работни рутини, планови и амбиции. 

На 4 Мај започнува ПРВАТА ЛИГА ВО БОКС во нашата земја. Првото коло ќе се одржи во Куманово каде екипата на Боксерскиот Клуб „Универзалци" од Скопје предводена од искусниот AIBA тренер Васко Цубалевски ќе атакува со сите сили во ПРВАТА ЛИГА ВО БОКС.  

Над 35 илјади хектари шума се загубени во Македонија во последните 17 години, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, покажува извештајот на „Глобал форест воч". Проценките се дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја. Сепак, службена одговорност во МВР и во Македонски шуми досега нема. Научниците предупредуваат дека за масовното пустошење на шумите придонесува и планското сечење, како што е случајот со изградбата на гасоводот на Водно од страна на Владата.

Жителите на градовите во Македонија дишат најзагаден воздух во Европа! Бараме итно спроведување на мерки насочени кон трајно справување со овој проблем!

По успешниот натпревар минатата година, ве каниме на Fit Games vol.2 – подобар, поголем и уште позабавен настан! :)

Фудбалската репрезентација на Македонија го стартува својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации.

Глобалната мултибренд продавница за спортска облека, исхрана и фитнес опрема Polleo Sport започна кампања за поддршка на младите спортисти во Македонија.

На 20ти декември во Скопје ќе се одржи гала настан „Вечер за жени во спортот" кој за првпат се организира во Република Македонија.

Фотографија - Кирил Михаилов

Локација - Лагово, Прилеп

Екстремните температури и пеколните услови кои беа дел од осмото издание на трката Крали Марко Треилс не спречија над 450 натпреварувачи од 22 држави да се впуштат во авантурата на една од четирите трки и комплетно да се надминат себеси во вистинска смисла на зборот.

На 15-тото издание на трката Ултра Треил ду Мон Блан со старт на 31.08.2018 во 18 часот по локално време во Шамони, од  петмината учесници трката успешно ја завршија само тројца тркачи. Сепак одличен успех за Македонија!

FB Препораки