таг / кошарка

Skopje, Are you ready⁉️ 🏀3x3 Satellite Skopje City Mall 2k19❗️📅08-09 June📍Skopje, Skopje City Mall See you there❗️
#3x3macedonia

Веќе трета сезона македонската публика и страсните баскет натпреварувачи имаат можност да учествуваат и присуствуваат на официјални ФИБА 3х3 баскет натпревари во некои од градовите ширум нашата држава. Еден од главните виновници за носење и популаризација на овој тип на улична кошарка кај нас е Драган Караџовски и здружението "3×3 Basketball" Македонија кои во 2017 година за прв пат го носат овој формат кај нас. Нешто повеќе за 3х3 баскетот и овогодинешните планови можете да прочитате во краткото интервју со Драган.

Како беше на завршниот 3х3 турнир во Скопје можете да видите на ова видео!

Средношколката Тијана Митрева од Кавадарци со својата квалитетна игра на кошаркарскиот терен заслужи место да игра и да се натпреварува за тимот Алгеро во Италија веќе втора година по ред. Реалноста за македонските кошаркарки во наши услови се далеку од розови, но секоја чест за младите девојки кои и покрај тоа се борат и успеваат да го добијат она за што напорно работат, бидејќи само со труд се остваруваат желбите.

Кошаркарската селекција "3х3" го освои првото место на Младинскиот Олимписки фестивал во Бугарија.

Погледнете го натпреварот на youtube...

Сакајќи да дознаеме и откриеме нешто повеќе за делењето на правдата на кошаркарскиот паркет како професија, решивме да поразговараме со Александар Давидов - кошаркарски судија која активно се бави со судење повеќе од 12 години. Кои се предизвиците на еден судија, како изгледа едно секојдневие и со каков судиски квалитет располага нашата држава? Дознајте повеќе во следниот краток разговор. 

Кратко видео од ФИБА 3х3 баскет турнирот во се одржа од 15 до 17 јуни во Скопје. Следете ги следните 3 на 3 турнири низ Македонија на следниот линк.

На 24, 25, 26 и 27ти август 2017 година по повод верскиот празик „св. Богородица” во с. Владевци ќе се одржи веќе традиционалниот турнир во уличен баскет. Пријавување до 23ти август. Награди за победниците. Погледнете го прилогот за повеќе информации...

Во организација на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), а со целосна поддршка на Македонскиот олимписки комитет (МОК), легендарниот кошаркарски тренер, г-ѓа Марина Маљковиќ, одржа тренинг со најдобрата македонска кошаркарска женска сениорска репрезентација.

Женскиот спорт во Македонија е маргинализиран и поретко пласиран во јавноста, и оваа акција има за цел повторно да го популаризира и промовира значењето на женскиот спорт, важноста од успешни примери (role models) кај помладите генерации, како и итноста од креирање на стратегија за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

Жаклина е нашата прва соговорничка со која ја отпочнуваме следната активност на ТАКТ која подразбира објавување на интервјуа со наши познати и помалку познати жени спортистки кои јавно проговоруваат за предизвиците со кои се соочуваат во нашата средина но и за резултатите и успесите кои ги постигнуваат на работно поле.

FB Препораки