таг / к4т видео

Ако постои спортски празник на главниот град, тогаш тоа дефинитивно е Скопски Маратон. Доживејте ја повторно атмосферата која 12.500 тркачи ја искусија за време на Виз Ер Скопски Маратон 2019 преку ова кратко промотивно видео.

Другари Мариовољупци, осма година по ред ве каниме на дружба во прекрасното Мариово да уживаме во неговата убавина и дивина и да спортуваме. Оваа година одиме во село Зовиќ кај домаќинот Митко и Етно куќа ,,Кај мостот". Ќе имаме уште еден прекрасен опуштен викенд со бањање под мостот на Градешка река.

На 7 октомври оваа година се одржа второто издание на трката „Скопје Трча 10К” на која учество земаа преку 1600 натпреварувачи од 22 земји. Погледнете го официјалното видео од трката. 

Ова лето на 1 јули на падините на Водно во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи 17-тото Европско Првенство во планинско трчање.

Во исчекување на новото издание на фестивалот во природа Мариово Офф-роуд 2018 помуабетивме со Слободан Боби Трајковски - организаторот на настанот. Очекувајте неколку мали измени, потивка ноќ со акустични звуци и уживање во природата. Се гледаме викендот!

Следниот викенд на 26.01.2019, двочлен македонски тим заминува за Аргентина со цел да се направи обид за брзинско искачување на највисокиот врв надвор од Хималаите - Аконкагва 6962 м.н.в. За подготовките, рутата, екипата и обидот нешто повеќе ни открива Александар Кирковски. 

Како беше на завршниот 3х3 турнир во Скопје можете да видите на ова видео!

Кратко видео од ФИБА 3х3 баскет турнирот во се одржа од 15 до 17 јуни во Скопје. Следете ги следните 3 на 3 турнири низ Македонија на следниот линк.

Промотивното видео спакувано во 3 минутно доживување од Виз Ер Скопски Маратон 2018 е подготвено. Погледнете го и (уште еднаш) доживејте ја атмосферата!

Минатата недела на 18 април 2018 година, продавницата за велосипеди и велосипедска опрема „Пробајк” од Скопје наполни цели 11 години постоење, а годишнината ја прослави со отворањето на очекуваната нова продавница во главниот град. 

FB Препораки