таг / к2

Зимските активности во високите планини на Непал и Пакистан оваа сезона се веќе во тек. К2 се уште привлекува со својата непристапност во зимски услови, Даниеле Нарди повторно е во пазувите на Нанга Парбат, а Симоне Моро е во обид за зимско на Манаслу. 

Иако изминатите години главната цел во зимскиот период за баскискиот качувач Алекс Чикон беше Еверест без дополнителен кислород, оваа година тој ги врти погледите кон последната неискачена 8000-ка во зима - К2. 

Овој викенд Полјакот Андржеј Баргиел успеа да го искачи вториот највисок врв на светот - К2 и за прв пат да направи успешно спуштање со скии. Повеќе за подвигот читајте тука

Оваа сезона на К2, младиот и успешен полски ски-алпинист и тркач Анджеј Баргиел ќе се обиде да го направи првото успешно спуштање со скии на вториот врв по височина на светот. Историјата на овие обиди не е баш најсјајна, но да се надеваме дека младиот Баргиел безбедно ќе успее во својата намера.

Откако викендов тој тргна во целосно непланиран соло обид за искачување на врвот К2 во зимски услови, денеска од третиот висински камп тој се спушти во базниот камп и се повлече од експедицијата. 

Ута Ибраими е првата жена Албанка која минатата година во пролетниот период успеа да го искачи Монт Еверест. Во истата година, таа успеа да се искачи и на Манаслу (8,163 мнв), а нејзиниот план е да ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8000 метри до 2023 година со што би влегла меѓу неколкуте жени кои го имаат комплетирано овој подвиг. 

Откако минатата година третата полска експедиција не успеа да го искачи последното неискачено парче од највисоките врвови во зима - К2, оваа сезона се подготвува одличен мешан тим составен од планинари од Русија, Казакстан и Киргистан. 

Овој викенд во рекорден ден по број на успешни искачувања на К2 се најде Полјакот Анджеј Багиел кој успеа да стане првиот човек што го искачил К2 и го спуштил со скии. 

Откако пред една недела тимот на Алекс Чикон конечно крена раце од зимското искачување без О2 на Еверест, полската експедиција од базниот камп на К2 исто така се огласи дека става крај на експедицијата на засега единствениот и се уште неискачен 8000-метарски врв во зимски услови. 

Полската зимска експедиција на К2 сè уште се наоѓа на планината и трпеливо работи на потенцијалното прво зимско искачување на последниот од низата врви повисоки од 8000 метри. Во последниот допис, дуото Биелицки-Урубко се на 7400 метри. 

На неколку дена пред новата 2018 година (29.12.2017), тринаесетчлена експедиција составена од едни од најдобрите полски високогорци и алпинисти ја започна експедицијата која за цел има да го искачи последниот хималајски врв повисок од 8000 метри - К2. 

FB Препораки