таг / извидници

Извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред и ИПО Галеб ја одбележаа независноста на Република Македонија со еколошка акција во пределот кај Кањон Матка.

Прв Скопски Извднички Одред како најстар во нашата република годинава во период од 26 до 30 август организираше меѓукултурен камп во движење на релација Галичник – Лазарополе. На кампот присуствуваа вкупно 26 учесници и 4 тренери кои се погрижија програмата да тече во најдобар тек и младите да останат мотивирани за пренесување на стекнатите вештини во иднина.

Луѓето кои во детството биле членови на извидничкото движење помалку пателе од анксиозност, но и покасно во животот имаат подобро ментално здравје, покажало едно големо Британско истражување.

На 19 јуни, 2016 на релација Неготино - с.Миравци извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред за прв пат рафтаа со новиот чамец. Попатно, тие се потрудија да го соберат отпадот реката Вардар оставен од несовесните граѓани.  

Идејава за изработка на импровизиран извиднички тип на шпорет од едно парче трупец што служи во исто време и како печка за греење е генијална, се додека не дојде моментот со продужниот кабел и бормашината. Ама нејсе, ако ги имате потребните услови, идејава ја препорачуваме за некое уникатно искуство и уживање во природата. 

Во најновото кратко издание на Running Wild with Bear Grylls, Грилс како началник на извидничкиот одред го носи претседателот на САД во Алјаска и заедно јадат остатоци од лосос кој наводно претходно бил оставен од некоја мечка. Пошто интернетов е луда работа, одма наидовме на петиција за следен предизвик на Обама - како ќе се справи кога е дехидриран и кога апсолутно нема вода од никаде? Ви текнува? 

И оваа година извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред беа дел од акцијата „Направи добро дело 2018" која беше поддржана од Сојуз на извидници на Македонија по повод Светскиот ден на извидничкото движење 22 февруари и раѓањето на основачот на извидништвото Роберт Баден Пауел.

А што би било подобро образование за едно дете од престој во планина и шума, играње извидници и учење на основните човечки вредности преку запознавање со светот и природата околу себе? Вака се работи со децата во некои понапредни земји... 

Шеснаесет извидници од извидничкиот одред „Димитар Влахов" од Велес, на 4.12.2015 год. (петок) во Големата сала на Македонскиот Народен Театар учествуваа на церемонијата на Свеченото отварање на Европски Извиднички Симпозиум.

Во периодот од 15-19 октомври на територијата на општините Дебрца и Охрид се организираше Школа за преживување и безбеден престој во природа. Домаќин на оваа школа беше Извидничкиот одред  „Пионер" од Охрид.

FB Препораки