таг / физиотерапија

Почитувани колеги физиотерапевти,

Секоја година, на 8 Септември, го славиме светскиот ден на физиотерапијата – глобален настан кој ја препознава неверојатната улога на физиотерапевтот во општеството и односите кои ги имаат со своите пациенти. Светската конфедерација на физиотерапевти, оваа година ја буди менталната хигиена како неминовен дел од физиотерапевтскиот процес на третман кај пациентите. На истиот начин, како денталната хигиена вклучува четкање на забите, а личната хигиена вклучува грижа за самите себеси, емоционалната хигиена се однесува на нашето психолошко здравје и усвојување на кратки секојдневни навики за следење и решавање на психолошките рани.

Со големо задоволство и чест сакам да ве поканам во името на сите членови и колеги физиотерапевти да бидете дел од одбележувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите 2018. 

Hallux Valgus претставува најчест деформитет на кој може да наидеме на подрачјето на стапалото, односно на предниот дел од стапалото. 

Првите истражувања за дејството на електричната енергија се направени уште во 18 век, но целосно е цврсто етаблирано во 20 век при што е докажано дека електричната енергија е еден од најважните механизми кој се користи за комуникација помеѓу нервниот систем и мускулите.

Ова заболување е ретка психодинамска појава која се состои од физички израз на свесен конфликт или стрес во животот на една личност. Овој физички израз се карактеризира со психолошки стрес кој истиот се претвора во физички знаци и симптоми кои не се во согласност или неможе да се објасни анатомијата или физиологијата на ова заболување. Оваа група на пациенти ненамерно стимулираат симптоми, но намерно ги доживува истите.

Германецот Кристоф Штрумф е физиотерапевт што создаде нов пристап во својата професија и и даде една поинаква димензија. Филозофијата се нарекува Зенсегрити (ZENSEGRITY). Прочитајте го неговото интервју (на англиски јазик) и дознајте нешто повеќе за оваа техника...

Хронична обструктивна белодробна болест – ХОББ е група на хронични заболувања на респираторниот систем кои се изразуваат со потешкотии во дишењето т.е опструкции на воздушните патишта кај пациенти на кои претходно им било дијагностицирано хроничен бронхитис и/или емфизем.

Болната пета е еден од најчестите проблеми кои ги мачи маратонците но и сите други кои се подолго време во стоечка позицијa, обезните луѓе со намалена физичка активност и можат да бидат во комбинација со деформација на  стопалото, спуштено стопало, валгус или варус стопало и груба ахилова тетива и тн.

Зборот деменција доаѓа од латинскиот збор dementatus, што значи ''надвор од ум'' и како таков можел да се користи за секој облик на психопатологија. Целзус е веројатно првиот кој го користи терминот деменција во првиот век п.н.е, иако веројатно првиот облик да се опише етиологија која не е нужно врзана за староста е тој на Орибазиус, лекарот на императорот Јулијан, од четвртиот век п.н.е. Орибазиус пишува за болеста церебрална атрофија која предизикува загуба на интелектуалната способност и ослабено движење.

Смрзнато рамо (frozen shoulder) претставува клинички синдром со нејасна етиологија (не е познат причинителот). Се карактеризира со болки и ограничени движења во рамениот појас. Во голем дел од случаите пациентите се жалат на силна болка особено во текот на ноќта, па дури и дека користат аналгетици за да може да заспијат.

FB Препораки