таг / ффм

Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 29. до 31. октмоври во „Куќа на фудбалот" и на терените на тренинг центарот "Петар Милошевски" го одржа првиот дел од курсот за добивање на Национална фитнес лиценца за работа во фудбалски клубови.

Фудбалската репрезентација на Македонија го стартува својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации.

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема, фудбалски мрежи и фудбалски топки) на екипите од Третите лиги во сите шест региони во државата.

Фудбалската Федерација на Македонија одбележува 15 години тренерска едукација, а по тој повод е организиран Форум на Тренери во Хотел Александар Палас. Повеќе од 300 тренери од Македонија имаа можност да присуствуваат на форумот на кој свое излагање имаа директорот на центарот на едукација на ФФМ, Професор Небојша Марковски и директорот за едукација на тренери на УЕФА Франк Лудолф.

Успеавме да ги документираме дечињата кои заслужија целосно внимание и почит при нивната борба за победа и пасијата која ја носат во срцата. Само напред! Нека се унапредува спортот во нашата држава.

Тренинг Академија на ФК Форца - Штип ги отвора вратите за младите кои отсекогаш сонувале да станат фудбалери.

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б и УЕФА А.

На 15.12.2016 во организација на Фудбалската Федерација на Македонија во театарот МНТ се одржа традиционалната манифестација „Најдобрите во македонскиот фудбал” за сезоната 2015/16. Погледнете дел од одличната атмосфера во која беа доделени наградите за најдобрите играчи, клубови, фудбалски работници како и Специјалното признание за младата фудбалска репрезентација до 21 година кои за прв пат во нашата историја успеаа да се пласираат на Европско Првенство. 

Оние кои во Македонија се дел од фудбалот сигурно го знаат Борче Христов, постарите како играч на Вардар и Балкан Стококомерц, додека помладите како предавач и демонстратор во едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија каде генерации на нови тренери се создаваат во континуитет. Вреден и работлив на повеќе наврати го трупа своето тренерско искуство и знаење надвор од Македонија. Азербејџан е негова дестинација каде е веќе по трети пат се враќа, и секогаш со нови предизвици во работата.

По успешната завршница на Детската фудбалска лига, проследена со многу искрени емоции од страна на дечињата кои играа со цело срце и сили, добивме и доста корисни информации околку целокупната организација на турнирот и идните планови на ФФМ околку иднината на фудбалот во Република Македонија. 

FB Препораки