таг / фестивал

Еуфорија, радост и тотално задоволство! Вака најдобро може да опише првото издание на фестивалот на улична храна Вкусот на Скопје, кое се одржа овој викенд на Школка.

Другари Мариовољупци, осма година по ред ве каниме на дружба во прекрасното Мариово да уживаме во неговата убавина и дивина и да спортуваме. Оваа година одиме во село Зовиќ кај домаќинот Митко и Етно куќа ,,Кај мостот". Ќе имаме уште еден прекрасен опуштен викенд со бањање под мостот на Градешка река.

Сакајќи однапред да се информираме и да си го планираме шестото по ред издание на аутдор фестивалот MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE, решивме кратко да поразговараме со Слободан Трајковски, организаторот и креаторот на овој отворен настан во фантастичната мариовска природа. 

Со малку подранета дата оваа година, од 17 до 20 октомври го очекуваме седмото издание на фестивалот што ја негува и прикажува љубовта кон планините преку седмата (честопати и осмата) уметност - планинскиот филмски фестивал ЕХО. 

„И ние минатата година бевме, а и оваа ќе одиме. Затоа што е супер, затоа што е природа, трева, ластовички, река, музика, скара, дружба, село, историја, мириси, вкусови, погледи и многу повеќе...

Втора година по ред љубителите на планинските адреналински спортови и рекреативците ќе можат да уживаат во убавините на Крушевските предели. Оваа година фестивалот „When In Krusevo" ќе се одржи во последниот викенд од јуни, односно од 29-ти јуни до 1-ви јули, а организаторите најавуваат уште поголем и подобар фестивал од претходната година.

Накратко, ова е дел од програмата на овогодинешното издание на ЕХО, фестивалот на планинскиот филм. Се гледаме на 17ти во 19 часот...

Во предел кој плени со неговата изолираност, чистота и природна убавина, викендов на 11 и 12.06.2016 стотици луѓе имаа можност да уживаат во активностите на отворено на првото издание на фестивалот „АлШар - Допри го сонцето” кој се одржа во скриеното кавадаречко Мариово и прекрасните падини на Кожуф планина. Уживајте во видеото... 

Идната недла на 04.05.2016 во киното Фросина - МКЦ ќе се одржи третото издание на филмскиот фестивал за планинско трчање „Луѓе како нас”. Подолу го имаме трејлерот како мала најава за она што следи. Бидете во тек и со програмата која ќе искочи набргу...

Како дел од овогодинашниот ЕХО фестивал беше и гостинот Бине Жалохер од Словенија, професионален фристајл и фрирајд скијач кој имаше своја презентација и проекција на филмот „Untouched”. Бине беше расположен и за малку качување на секогаш прекрасната Матка, а во истиот тој убав ден направивме и кратко видео интервју за него, неговата пасија и погледите кон активниот животен стил. 

FB Препораки