таг / Давид Гетлер

Официјални изјави на Симоне Моро за тоа како се одвива досега експедицијата за зимско искачување на Нанга Парбат.

Дефинирана како „Планината убиец“ или како што Симоне Моро повеќе милува во буквалнен превод - „Голата планина“, Нанга Парбат покрај К2 е втората осумилјадарка која не е искачена во зима. Токму оваа 2014та, експедицијата на Норт Фејс е во обид да ја искачат најголемата (во димензии) планина во светот, a од нив доаѓа кратко видео интервју со тројцата во тимот околу самата масивност на проектот. 

Во базниот логор под Рупалската (јужната) Стена на Нанга Парбат (8125 m н.в.) на 31 декември 2013 година пристигна експедицијата на Симоне Моро (Simone Moro). Покрај него во екипата се и германецот Давид Гетлер (David Göttler) и Емилио Превитали (Emilio Previtali). Објективот е вперен кон едно нешто. Првото зимско искачување на Нанга Парбат, 8000ката која заедно со К2 досега не биле качени во зима.

Италијанско-германската екипа која се наоѓа на Нанга Парбат во состав Симоне Моро (Simone Moro), Давид Гетлер (David Göttler) и Емилио Превитали (Emilio Previtali) веќе се под Рупалската стена. Следи преземено интервју на Аманда Падоан (Amanda Padoan) со Симоне Моро, пред тргнувањето за Пакистан.

FB Препораки