таг / бебе

Ако се инспириравте од приказната на ултра мајката Софи Пауер, која го истрча УТМБ доејќи го малиот Кормак минатиот септември, спремете се за уште една супер мајка...

Мајката се вика Софи Пауер (во превод сила), малото е 3 месеци, а трката е 171 километар со многу јаки угорници и удолници. Софи ја заврши УТМБ за 43 часа и 33 минути, а во текот на трката мораше да калкулира застанувања за доење на малиот по име Кормак. А ние од тука сигурно ќе се запрашаме „шо мајка бара оваа на 43 саати трка”, „има ли маж” и еден куп други дилеми. А, да, таткото помагал. 

Бременоста и мајчинство, прекрасните периоди во животот на жената треба што повеќе да бидат исполнети со мир и спокојство, во што ќе придонесат различните активности за кои можеби досега сте немале време: шетање во природа, читање книги, вежбање.

Прекрасна фотогалерија на Ивет Ивенс која што го доловува доењето како најприродно нешто за поврзаност и здравје на мајката и детето. Таа работи сака да ја подигне свеста за правата на мајките да ги дојат своите деца на јавни места. 

Инспирација... кој ако не бебушите.

Можеби малава сеуште не успева да застане на скејтбордот, но како што тргнала сигурно ќе успее за кратко време. Добри кадри и супер слатко скејтерче!

Замислете ситуација! Татко сака со своето дете да се прошета со детска количка и почнува да шлајфа во место на подмрзнати улици. Тогаш таткото зема стари Елан-ки ги заштрафува и си прави незаборавна тура со своето дете низ Скопје... Генијалецот во случајов се вика Васе Петровски – Аманито и со право може да конкурира за татко на годината. 

Дали се нервирате дека треба да се помине преку периодот на кашлици и настинки додека сте бремени престојната зимска сезона?

Кога времето е погодено за прошетки, возење велосипед, пешачење... погодно е и вежби за новопечените мајки. Ем прошетка, ем малку фитнес за враќање во колосек.

Првиот пресврт обично се случува до 6-тиот месец. Помогнете му на вашето бебе да се рола. Тркалањето е моторна способност која е од голема важност и претставува голем чекор напред во физичкиот развој на вашето пиколo.

Доколку сте тазе мама и немате време да излезете надвор и да спортувате, еве неколку комбинации од вежби кои што можете да ги правите во друштво со вашето бебе. Во овој случај и двајцата ќе бидете задоволни, малото со мама, а мама во супер форма уште од старт! Вежбите особено ќе ви завршат работа доколку времето надвор е постудено, но и кога е претопло.

FB Препораки