таг / авантура

Минатиот викенд благодарение на Воздухопловната Федерација на Македонија се оддржа првиот настан од крос кантри лигата во параглајдерство за 2018-та година. Новата генерација на млади пилоти се желни за знаење a искусните пилоти кои со своето учество не себично го споделија своето знаење, Македонија е еден чекор поблиску до светската параглајдерска сцена во прелети со параглајдери.

Конечно и по долгогодишна работа на нашиот нов проект пристигна моментот за да продолжиме повторно. Чудно е, но да се вратиме на пат се чувствуваме како да се враќаме дома.

"Засекогаш останете деца. Секогаш чувствувајте возбуда и бидете восхитени од големи работи, како што е воздухот и звуците на изгрејсонцето. Ако морате, носете ја вашата маска која ќе ве заштити од светот но ако дозволите детето да исчезне од вас тогаш сте мртов" - Ричард Бах

Нашата мото авантура низ светот во три-минутна видео компилација за ретроспекција и уживање...

Малку џунгла, малку вода, малку сноуборд на дини, малку Мачу, малку Пикчу. И неколку минути барање место за запросување... 

Старо но навистина одлично авантуристичко видео на Кристоф Рихеџ за неговото пешачко патешествие низ Кина кое траело точно една години или 4500 километри. Низ патувањето, Кристоф прави документирање на неговиот лик и брада каде ги опфаќа сите промени во текот на авантурата. Сето тоа е компресирано во 5-минутно видео кое ќе ве остави без здив, а може и инспирира за сличен авантуристички проект. Денеска бар сите имаат бради, но сигурно ни фали храброст за авантура... 

Трите највисоки планински врвови на Балканот, календарска зима со доста снег, тројца планинари и еден неспецифичен авантуристички обид - да се искачат за што е можно пократок период. 

Не постои лоша авантура, само лошо друштво!

Кикер е Златен Ретривер секогаш расположен за добра авантура, а газдата Ендру е газда кој и тоа како знае да го расположи своето куче. Покрај спиење во вреќа, турно скијање и уживанција во природа, Ендру реши да го однесе Кикер на малку поделикатни качувачки секции... 

FB Препораки