таг / 2015

Пренесуваме во целост, затоа што така е најслатко 

И така помина уште една временска рамка наречена Година, овојпат со сериски број 2015. За следната си посакуваме и за нас, и за Вас уште повеќе здравје, среќа и успех на секое поле. Подоле се послани најкликаните за 2015. Среќни Празници!

24-то традиционално искачување на Голем Кораб. 

Во градот кадешто на летните Олимписки Игри во 1936 година Евреите беа целосно исклучени од натпреварувањето, а потоа го претпреа најстрашниот геноцид во историјата на човештвото, 79 години подоцна за првпат ќе се одржат Европските Еврејски спортски Игри.

Овој викенд имавме можност далечинскиот управувач да го калибрираме на нешто многу поинакво од досадните локални ТВ канали. Топло препорачуваме да ја изгледате оваа епизода, и да си направите некоја во ваш стил и режија, без разлика дали имате или немате некоја јака продукција. Најдоброто што може да ви се случи е да се навлечете токму на оваа серија. 

Crashed Ice е натпревар во кои учесниците се тркаат лизгајќи на мраз на одредена удолна патека. Од шампионатот оваа година ја најдовме оваа компилација на најдобрите натпреварувачи кои го кршат мразот, буквално. Ама мраз душа нема, или газ беше?

Денес е последен ден за да се пријавите за учество на овогодинешното издание на трката во планинско трчање Струмина Треил 2015...

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најубавата и најтешката планинска трка во Македонија - пријавете се на „По стапките на Крали Марко”!

На 21.06.2015 на планината Пирин се одржа традиционалната трка во планинско трчање „Пирин Ран 2015". Стартот на трката е од пред хотелот „Кемпински" во Банско додека финишот на врвот Вихрен 2914 мнв, така што патеката е долга 13 километри со 2030м висинско искачување.

Ако сте од оние кои веќе си го имаат букирано последниот викенд од овој мај за после тоа да можат да го кажат слоганот „И јас бев во Мариово” тогаш еве детали за тоа што фестивалот има да понуди оваа година, четврта за ред. 

Мода си е мода и знае да биде по малку екстравагантна, а ова се најсмелите модели на патики за 2015 ако вашата писта е онаа покрај Вардар.

FB Препораки