Успехот на училиште започнува од дома

Децата кои се успешни на училиште, генерално имаат родители кои ја разбираат важноста на поддршката и кои имаат позитивен пристап кон учењето и домашната задача и истиот пристап му го пренесуваат и на детето.

 

Домашните обврски односно работа која од детето се бара да ја заврши дома без помош и надзор на наставникот помага во самодисциплината, самостојноста на ученикот и во планирањето на времето.

Оваа активност за детето понекогаш ќе е вистински предизвик и ќе бара поддршка и посветеност од ваша страна. Вашиот интерес и ангажираност е вистинскиот пример од кој детето може да науши многу и да стекне навики кои е му користат во иднина.

Воведувањето на едноставната дневна рутина е од голема помош. Читајте им на вашите деца и кога се многу мали. Редовното читање ќе се трансформира во редовна навика за завршување на домашните здачи, кога децата ќе појдат на училиште.

Одредете место и време за учење и домашна работа. Тоа не мора да биде нешто посебно, важно е да нема во тој простор електронски урди кои ќе го деконцентрираат и секако најважно е децата да ја добијат пораката дека домашната задача е приоритет.

Инсистирајте домашната работа да биде уредна. Децата треба да научат дека е важно да се претстават себеси и својата работа во најдобар ред, бидејќи тоа и показател за самопочитување и почитување на другите. Навика која ќе им биде корисна истотака понатаму во иднина.

Проверете ја домашната на своето дете, потврдете дали ја сфатило постапката и процесот на истата. Учествувајте ако детето ви постави конкретно прашање и побара од вас објаснение.

Со заедничка и тимска работа успехот на вашето дете ќе е загарантиран.