Наслов

Училиште за актери „Театар Пи"

Центарот за изведувачки уметности и едукација „ТЕАТАР ПИ", покрај редовниот репертоар кој е активен веќе цели 8 години на независната сцена низ Македонија , во Центарот за култура во „Ѓорче Петров" Скопје, од денеска продолжува со едукативна мисија за најмладите љубители на театарот, играта, социјализацијата и уметноста.

Театар Пи оваа година, продолжува со работа со Училиште за театар, поконкретно актерство и сценски техники. Изучувањето на театарот и драмата од најрана возраст, подразбира подобар процес на социјализација, развивање на психолошките карактеристики на детето. Театарот може да биде и е помошно средство за секој млад човек, во процесот на негово професионално определување во животот.

Учениците во училиштето за театар, ќе посетуваат настава два пати во неделата. Редовните часови ќе ги водат актерката Македонка Илиевска, Златко Митрески, Дарко Велиќ и Соња Стамболџиоска. а секој месец како визитинг професори ќе се појавуваат наши познати актери.

Консултации и контакт на телефонскиот број 078 419 429 на мејлот theatre.center.pi@gmail.com и на страницата https://www.facebook.com/theatre.center.pi/ за да дознаете повеќе за наставните планови.

17 Септември 2019

За авторот