Наслов

Студ, студии...Па што!

Облекувањето на новороденчињата и малите деца во топла облека е од осoбена важност во зимскиот период. Облекувањето на децата во топли пижами, покривање со дебели покривки и уклучување на дополнителни грејни тела е вообичаена пракса... 

Во надворешни услови облекувањето во слоеви им пружа дополнителна топлина на децата, меѓутоа не заборавајте, претераното облекување може да предизвика и прекумерно зголемување на телесната температура. Како последица од вишокот облека и зголемената температура во собата каде што спие детето исто така може да дојде до зголемување на телесната температура.

Некои симптоми на зголемена температура и како да реагирате:
• Континуирано потење, влажна коса, влажност околу вратот и пазувите;
• Појава на топлотни осипи и зголемено црвенило на лицето;
• Забрзано дишење и немир.

Препораки за превенција:
• Веќе познато и општо правило е да ги облекувaте вашите деца во слоеви и не заборавајте на капа и ракавички кога се изложени на студ. Ова ќе им овозможи задржување на топлината и да се чувствуваат пријатно, за разлика од големите и масивни капути или јакни. Доколку носат дебели јакни потрудете се да ги вадат кога влегуваат во загреани простории или во автомобил. Запомнете, доколку вам ви е топло и непријатно со јакна, тогаш голема е веројатноста дека и вашето дете го има истото чувство.

Главата на детето не треба да биде покриена со ќебиња или други покривки за да непречено да дише. Кај новороденчињата користете дебели пижамчиња и поради тоа нема да има потреба од покривање со ќебе. Доколку користите ќебе тоа треба да биде до висина на градите, а детето треба да лежи на грб. Ќебето замотајте го околу душекот наместо околу телото на детето.

Детето не би требало да спие во ист кревет со родителите затоа што голема е веројатноста тоа да ја зголеми телесната температура. Доколку мајката одлучи да спие заедно со бебето поради доење, треба да ги избегнува перниците, покривките и разни други тешки ќебиња блиску до новороденчето и да го лимитира делењето на креветот на мајка и бебе.

05 Декември 2013

За авторот