Една активност за млади го јакне менталното здравје и по 50 година

Среќни како деца, но и во остатокот од животот

Луѓето кои во детството биле членови на извидничкото движење помалку пателе од анксиозност, но и покасно во животот имаат подобро ментално здравје, покажало едно големо Британско истражување.

Анализирајќи ги податоците од долгогодишната студија која што следела повеќе од 10.000 луѓе родени во 1958 година, научниците докажале дека личностите кои биле вклучени во извидничката организација имаат 15% помал ризик од анксиозни пореметувања или пореметувања на расположението и по 50-тата година. 

Интересно е тоа што позитивните ефекти се забележуваат и после многу години откако биле членови на извидничкото движење, истакнува реализаторот на истражувањето проф. Крис Дибен од Универзитетот во Единбург. Извидничкото движење ја поттикнува самостојноста, одлучноста и желбата за саморазвивање кај децата и младите и тоа во текот на активностите кои се реализираат на отворено.

Овој факт психолозите го сметаат за клучен фактор во јакнењето на менталното здравје.

Со оглед на високиот степен на ментални проблеми, поддршката на волонтерските програми за млади кој што ги поседува извидничката организација, тука се прават мудри чекори за создавање на долгорочно здравје и ментална стабилност, заклучува Дибен.

Истражувањето не воочило дека дејствувањето и работењето на црковните или некои други волонтерски активности имаат еднакво поволно влијание на менталното здравје. Освен тоа, во извидничкото движење се вклучени деца и млади од различни општествени слоеви.

Луѓето со послаба куповна моќ имаат поголем ризик од ментални пореметувања, но тој пример кај членството во извидничката организација е на многу ниско ниво па дури и потполно ги брише разликите помеѓу ментално здравите богати и сиромашни млади луѓе.

„Владите и здравството ширум светот секојдневно бараат решенија како да го намалат јазот помеѓу богатите и сиромашните, а ова е пример што докажува колку е значајно да се вклучите во извидничкото движење” – заклучува еден од психолозите кој работеше на истражувањето, проф. Ричард Митчел од Универзитетот од Глазгов.