Што им е потребно на децата за да се во совршена здравствена состојба?

Што им е потребно на децата за да се во совршена здравствена состојба и да можат успешно да се справуваат со обврските за на училиште? Совршената формула до која дошле многу истражувачи е следната: секое дете треба да има време за играње, одмарање и да поминува квалитетно време со членовите на неговото семејство.

Играње

Децата низ игра учат многу нешта. Играта им помага да решаваат разни проблеми, се дружат и учат како да преговараат. Во времето за игра детето може да посетува курс по цртање или може да игра со играчки, да игра на игралишта или пак да игра фудбал или кошарка со другарите. Тинејџерите може да поминуваат одреден период сурфајќи на интернет. Истражувачите велат дека играта што е доброволно одбрана за сите деца без разлика на која возраст се е многу корисна бидејќи преку неа децата развиваат разни вештини, го подобруваат физичкото здравје и ги подобруваат социјалните вештини.

Експертите тврдат дека на секое дете секој ден му е потребно одредено време за игра. Но многу деца не си играат секој ден. Една од причините е што децата поминуваат повеќе време во училиште. Некои истражувања укажуваат дека деца на 12 годишна возраст имаат само два часа слободно време, додека средношколците имаат само 1 час слободно време.

Експертите препорачуваат децата посебно тинејџерите да се дружат лично, а не преку социјални медиуми. Исто се препорачува повеќе време да се воведе за играње во рамки на училишната настава. Во некои училишта во САД се организираат саеми каде децата изложуваат проекти што ги изработиле во слободно време. Други училишта организираат специјални програми каде децата играат и уживаат во слободното време, а на овој начин им се намалува стресот.

Време за одмарање

За децата кои по училиште имаат многу активности, потребно им е време за одмарање. Со цел децата да бидат совршено здрави и психички и физички потребно е во текот на денот да одмараат. Во овој период децата можат да читаат книга, да слушаат музика, да гледаат телевизија, да шетаат во природа или едноставно да лежат и да одмараат.

Одмарањето преку кратко спиење е добредојдено за сите генерации не само за децата. Децата што се на возраст од 6 до 13 години треба да спијат 9 до 11 часа ноќе и половина час дење. На тинејџерите им е потребен 8 до 10 часовен сон. Покрај сите активности што децата ги имаат секојдневно ако се одмараат доволно ноќе и преку ден ќе бидат многу повеќе продуктивни.

Со цел децата да бидат попродуктивни во училиште се препорачува да се воведат повеќе активности каде децата ќе се одмараат и повеќе паузи во текот на наставата.

Време поминато со семејството

Конечно е многу важно детето да поминува одредено време со членовите на семејството. Тогаш се чувствува заштитено и сигурно. Дете кое поминува повеќе време со своето семејство се чувствува посигурно и сакано. Последните истражувања докажале дека децата што почесто ручале со сите членови на своето семејство се посигурни во себе и генерално се позитивни личности што ги ценат семејсните вредности.

Децата што поминуваат повеќе време со своето семејство се помалку изложени на ризици како зависност од дрога и алкохол детска деликвенција. Кај овие деца е многу пониско и нивото на случаи со депресија и асоцијално однесување. Други истражувања покажуваат дека семејните ритуали и традиции се поврзани со позитивно ментално здравје и позитивно формирање на идентитет кај тинејџерите.
Ако имате еден ден во неделата каде заедно гледате филм или во сабота наутро пешачите заедно или навивате за вашиот омилен тим, сите овие семејни традиции ќе помогнат вашето дете да ја изгради потребната врска со целото семејство што му е потпора во животот.
Како можат училиштата да помогнат за децата да поминуваат повеќе време со семејството? Наставниците можат да даваат помалку домашни за време на распустите и празниците, со цел децата да поминат повеќе време со своите најблиски.