здрав рбет за среќно детство и безгрижна старост

Наслов

`Рбет, Столб на животот

32 пршлени во дејствието како еден, тоа е рбетот, столб над кој се крепи нашиот живот. Низ него се провлекува рбетниот мозок од кого се    зачнати сите нервни гранки за трупот и екстремитетите. Тој ни овозможува да сме свитливи и да се адаптираме во разни положби и движења. Без него движењата би ни биле слични како на RoboCop.

Лична карта

Рбетот се протега од главата до карлицата и е поделен во неколку сегменти кој му ја даваат карактеристична форма на буквата Ѕ. Почнувајќи од нагоре кон надолу рбетот се дели на 7 вратни, 12 градни, 5 појасни, 5 крстни, 3-5 пршлени на опашката. Крстните и пршлените на опашката се зараснати и тие заедно со други коски ја образуваат карлицата. Останатите 24 пршлени се слободни и меѓусебно се спојуваат со рскавични дискови.

За кривините на рбетот

Кај правилно формиран рбетен столб во сагитална рамнина препознаваме вратнa и појаснa кривина нанапред и градна и крстна кривина наназад.

По раѓањето на детето изразена е само градната кривина поради свиената положба во утробата на мајката. Рбетниот столб и неговите физиолошки кривини се формираат заедно со неговиот моторен и нервен развој. Кога детето ќе почне да ја подига главата тогаш ќе започне и образувањето на вратната кривина а после ќе се зачне и појасната кривина откога детето ќе се исправи и прооди. Овие природни кривини ќе се оформуваат под дејство на централниот нервен систем и тонусот во мускулите. Во почетокот овие кривини се непостојани и неоформени се до периодот на пубертет.

Фактори за појава на неправилно држење и деформитети на рбетот

Постојат различни фактори кој можат да допринесат до појава на искривувања и деформитети на рбетниот столб како на пример неповолни услови за живот, разни инфекции и заболувања, лош квалитет на храна, слабост и замор во локомоторниот апарат.

 

Кога децата ќе почнат да одат на училиште, од нив се бара да останат во една статична положба продолжително време. Тоа доведува до замор на мускулите околу рбетот и до неможност да се задржи правилна положба, затоа децата зафаќаат неприродни положби кој со време стануваат навика со условен рефлекс и динамичен стереотип. Недоволната физичка активност кумува на целиот процес, особено во поново време кога има појава со епидемиолошки размери на лошо телесно држење кое доведува до рбетни деформитети. Неправилниот балансот на мускулатурата на предниот и задниот дел на трупот доведува до состојби на искривување (сколиоза, кифоза, лордоза).

 

 

Важно е да се превенираат ваквите појави со дополнителна физичка активност на децата бидејќи во некој држави школскиот систем во најдобар случај обезбедува 4-5 школски часа физичко воспитување и спорт неделно додека во други оваа бројка е помала.
 

 

Секојдневно детето поминува неколку часа во седечка положба во училиште и дома најчесто на несоодветна маса или стол за неговата возраст пред компјутер или додека ја завршува домашната задача. Дополнителен проблем претставува и школскиот ранец кој доколку тежи повеќе од 10-15% од телесната тежина на детето и доколку истиот се носи подолго време може да предизвика болки во рбетот и неправилно држење ако тежината не е соодветна и не се распредели подеднакво на рамената.

Како родител треба  да влијаете превентивно и да иницирате спортување и физичка активност заедно со своите деца, како на пример утринска гимнастика, јога асани за истегнување, а и пливањето е добро дојдено секаде каде што има услови за тоа.  Бидете внимателни ако вашите деца тренираат спортови кој ја активираат повеќе едната страна на телото,  и  не заборавајте да  ја  стимулирате и помалку активната страна за да се постави баланс помеѓу мускулите.

 

 

13 Октомври 2012

За авторот