Наслов

Препознавањето на препреките - клучно за остварувањето на соништата

Според последните истражувања, позитивниот однос кој треба да нè инспирира и поттикнува, всушност ни го попречува патот кон успехот и исполнување на нашите соништа.

"If you can dream it, you can do it!"
"Reach for the stars!"
"Look on the bright side."
"See the glass as half full."

Овие изреки се само дел од големиот број на мудри мисли кои поттикнуваат позитивно размислување. Покрај инспирацијата и моменталната мотивација која ни ја нудат овие зборови, тие можат да имаат спротивен ефект во постигнувањето на нашите цели и соништа.

Gabriele Oettingen, професор по психологија на универзитетите во Њујорк и во Хамбург, посветила дваесет години истражувајќи го позитивното размислување и неговите ефекти, и дошла до заклучок. Сето позитивно размислување може да го измами сонувачот да верува дека веќе го вложил сиот труд потребен за остварување на соништата, притоа потиснувајќи ја потребната мотивација за вистинска работа.

Позитивното размислување само по себе, не е доволно. - вели Oettigen. Фантазирањето за успех, без било каков допир со реалноста, значително ја намалува веројатноста за позитивен резултат. Позитивното размислување треба да биде направено на правилен начин.

Свесното присвојување на нијансиран оптимизам, кој ги зема во предвид препреките од секојдневниот живот е клучно за успех.

Во својата книга Rethinking Positive Thinking: Inside the New Science of Motivation, Oettingen ни ја споделува едноставната когнитивна алатка – WOOP (wish, outcome, obstacle, plan), која помага да останеме мотивирани при остварување на нашите цели и е наменета за дечиња и возрасни.

Пример како таа функционира...
Желба: Ученик сака да добие висока оценка по предметот математика.
Резултат: Следно, тој размислува што ќе се случи ако се исполни посакуваната желба. Можеби професорот ќе го пријави за државниот натпревар при тоа освојувајќи награда. Додека неговите родители ќе се горди и нивниот домашен однос ќе биде подобар.
Препрека: Сега ученикот треба да се впушти во метална активност и да размисли за т.н. внатрешна препрека која би го спречила во остварување на неговите соништа. Можеби тој ќе биде уморен и немотивиран, бидејќи се продолжил тренингот по фудбал и нема да ја напише домашната работа по математика. Mожеби го одолжува самото пишување поради обемот на задачите и станува анксиозен пред да започне. Поради што носи недопишана и неуредна домашна работа на училиште.
План: Последната алка од оваа техника е создавањето на план кој ја предвидува препреката и предлага превземање на соодветна акција за истата.

Формулата гласи: "Ако се случи препреката х, тогаш јас ќе се однесувам у."

Нашиот ученик можеби го смислил следново: Ако сум уморен по тренингот тогаш ќе решам само половина од задачите по математика истиот ден. Или ако сум анксиозен за проектната задача, тогаш ќе посветам на неа само триесетина минути. Тој можеби ќе има и можност да создаде Ако-Тогаш (If-Then) превентивен план: Ако тренингот по фудбал започне подоцна тогаш јас ќе го искористам времето пред тренигот и ќе поработам на мојата проекнта задача.

Според Oettingen оваа когнитивна техника е ефективна, бидејќи работи со несвесниот ум. Фантазирајќи за остварување на изводлива желба, заедно со нејзината препрека ефективно ни се проврзуваат соништата со реалноста. Со вака поставена ментална поврзаност, индивидуата не може да размислува само за своите соништа без притоа да не помисли и на препреките. Препреката ни служи како несвесен импулс кој не тера да превземеме акција. Затоа оваа асоцијација објаснува видливи промени во однесувањето - Вели Oettingen.

Предноста на WOOP техниката е нејзината едноставност. Таа не зависи од никакви посебни когнитивни вештини и способности и наменета е за сите без разлика на возраста.

Извор
Превод: Бојана Шутарев – Бреинобреин едукатор

15 Септември 2016

За авторот