Пребирливи (не)кркачи

Кога станува збор за јадење општо познато е дека голем број родители имаат вистинска мака со нивните деца кога станува збор за исхрана. Дали и вашето дете спаѓа во групата деца кои баш и не уживаат во јадењето, па така дневните оброци се сведуваат на неколку пилешки прски, нешто јаглехидрати и малку зеленчук.

Од тука се раѓа помислата дека на вашето дете му се потребни дополнителни витамини, но се прашувате кои се најдобри за него.

Како прво, не се откажувајте од диетата на вашето дете. Може да помине подолго време додека детето сфати дека всушност брокулите, овошјето, или грашокот имаат убав вкус. Постојано ставајте различна храна во неговата чинијата, затоа што никогаш не можете да знаете какво ЧУДО може да се случи.

Повеќето деца, па и оние кои не се баш по јадењето можат да ја внесат потребната колична на витамини доколку секојдневно ја задоволуваат калориската потреба од сите групи на храна, особено од месото, зеленчукот (сите бои), млечни производи и овошје. Во некои покомплицирани случаи консултирајте се со вашиот доктор дали користењето на некој мултивитамин има некаква смисла.

Доколку вашиот педијатар вели дека земањето витамини е добра идеја меѓутоа нема препорака за некој конкретен бренд тогаш ќе морате при изборот да бидете претпазливи. Внимателно читајте ги етикетите затоа што дозите варираат од бренд до бренд, а голем број витамини се направени за деца од 4 години и постари, па ќе требате да ја преполовувате дозата ако станува збор за помало дете.

Добра вест е тоа што денес постојат секакви видови на витамини во различни форми, големини и бои, дизајнирани да го привлечат вниманието на децата. Тука влегуваат витамините кои можат да се лижат или џвакаат и истите се со убав вкус. Внимавајте со таквиот вид на витамини затоа што лесно може да се дојде до предозирање или состојба на хипервитаминоза. Посочете му на вашето дете дека тоа не се бомбони и држете ги на некое сигурно место.