Понекогаш ни вежбањето не слабее

Покрај диетата, специјално изработена за деца со прекумерна тежина, редовното вежбање не помага многу во тоа дополнително да се намалат килограмите, велат во една нова студија на оваа тематика.

”Многу е важно да се промени и подобри диетата, како и да се намали калорискиот внес за да се намалат килограмите кај децата, исто како и кај возрасните лица. Вежбањето е важно, но јас сметам дека понекогаш премногу фокус се става на вежбањето.” – вели Гери Бенет, истражувач на тема превенција од прекумерна тежина во рамките на Универзитетот Дјук.

Истражувачите анализирале 14 случаи каде млади лица со прекумерна телесна тежина биле назначени на специјализирана програма со диета и вежби или само со диета.

По направените истражувања, тие дошле до заклучок дека децата по завршувањето на двете програми имале намален BMI (Body Mass Index/индекс на телесна тежина) и помал процент на масти во телото. Додавањето на аеробни вежби како џогирање или танцови на диетата имало многу мал ефект врз намалувањето на тежината.

 

Но децата кои тренирале со отпор, повеќе ги намалиле масните наслаги во телото од оние кои не вежбале. Силовиот тренинг придонел за незначително намалување на масните наслаги, а позначително зголемување на мускулната маса.

Истражувачите истакнаа дека одредени мерења на холестеролот и нивото на шеќер во крвта, вклучувајќи го инсулинот и ”добриот” холестерол, биле подобрени кога во диетата било инкорпорирано и вежбање. Но промените на други нивоа како ”лошиот” холестерол, биле поголеми кога се држела единствено диета без дополнителни физички активности.

Во многуте истражувања направени на оваа тема, децата ја вратиле телесната тежина по завршувањето на програмата.

Извор: Ројтерс

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија