Наслов

Павловденски турнир - Виница 2015

Во склоп на одбележувањето на Павловден во Виница во организација на Општина Виница, Домот на културата "Тошо Арсов", Музејот ''Теракота'' , и Тенискиот Клуб ''Торо Спорт'' , во недела на 12 јули се одржа и тениски турнир на тениските терени во Гратскиот парк во Виница.

На турнирот учествуваа 40тина деца од различна возраст и од повеќе клубови (ТК Астибо-Штип, АС Радовиш, ТК Олимпија -Илинден, ТК Торо Спорт Виница)

Прво место женски / Дајана Илиевска - ТК Торо Спорт - Виница

Второ место женски/ Меланија Костадиновска ТК Олимпија - Илинден

Прво место машки / Огнен Алексов , Второ место мажи Матеј Милев ТК Торо Спорт - Виница

13 Јули 2015

За авторот