Оптимизам и мотивација: клучот за успехот на вашето дете

Повеќето деца сакаат да започнат да одат на училиште. За децата училиштето е само уште еден развоен предизвик за кој тие природно се оптимисти дека ќе го совладаат и се внатрешно мотивирани да бидат вклучени во тој процес.

Сепак, учениците брзо откриваат дека тие се проценуваат и оценуваат во компетитивна атмосфера и без оглед на тоа колку се добри тие секогаш се потсетувани дека имаат простор за уште подобри резултати.

Едукативниот систем често е воден од ветување на награда, од закана со казна или од предизвикот од конкуренција. Овие надворешни мотиватори можат да бидат ефикасни и добронамерни, но тие јасно работат против континуираниот развој на внатрешната мотивација кај детето. Внатрешната мотивација – учество во училиштето единствено заради задоволство кон учењето – многу брзо е засенето од ветувањето на надворешните мотиватори па природниот ентузијазам за учење кај детето често е нарушено.

Проблемите во учењето, во однесувањето, во социјализацијата, или друг развоен проблем често пати предизвикуваат проблеми во училиштето. Децата кои се соочуваат со вакви пречки се исто така родени со инстиктивен оптимизам и внатрешна мотивација. За жал, во образовниот систем е утврдено дека кај овие ученици треба поголем степен од надворешни мотиватори за да останат вклучени во академските задачи.

Сепак, токму кај овие ученици внатрешната мотивација е онаа која мора да се негува и зајакнува. Не укажуваме на тоа дека оцените, наградите и казните или натпреварот треба да се исфрлат од образовниот систем туку дека мора да се направи рамнотежа меѓу нив и зајакнувањето на внатрешната мотивација. Таа поттикнува себе-поткрепување која се верува дека е основа на академскиот успех, дури е и поважна и од интелектот, способностите и можностите.

Има повеќе начини како да се подобри природаната мотивација и оптимизам кај детето. Според психологот Едвард Деси (University of Rochester), внатрешната мотивација кај децата се одржува во средини кои ги задоволуваат потреби за:
• Чувство на припадност и поврзаност;
• Чувство на автономија и самоопределување;
• Чувство на компетентност.

Важно е родителите, наставниците и другите професионалци да ги имаат на ум овие потреби и да воспостават услови што ќе ја негуваат мотивацијата и надежта во децата.

Децата се мотивираат во средини каде што се чувствуваат добредојдени и имаат чувство дека возрасните се грижат за нив. Во училиштата особено е важно ова да се има во предвид, но и дома родителите треба да посветуваат посебно време за секое од своите деца, каде детето ќе ја почувствува посветеноста, љубовта и вниманието од страна на родителот, па многу е поверојатно дека тоа ќе биде покооперативно и помотивирано.

Ако целта ние да создадеме услови каде децата ќе се самопоттикнуваат, тогаш мора да бидеме сигурни тие да знаат дека нивниот глас се слуша и се почитува. Дека и тие имаат некоја контрола врз тоа што се случува во нивниот живот. На децата треба да им се даде можност да ги развијат своите способности за решавање на проблеми и донесување на одлуки. Давањето на чувство дека имаат простор дури и на мал избор ја развива нивната самосвесност и мотивација.

Возрасните често се фиксираат на проблемот кај детето и негово решавање, а не на неговите позитивни предности што ги има. Секое дете има свои силни страни и доблести што можат да бидат извор на успеси и постигнувања. Родителите и наставниците треба да ја идентификуваат и потикнуваат единственоста на секое дете. Има повеќе начини како да се помогне детето да се чувствува кометентно.

Во училиште, наставниците треба бидат сигурни дека тие ги учат учениците на начин на кој тие го разбираат, ќе можат да го научат материјалот и ќе успеат, имајќи го предвид различните стилови на учење. Како родител, треба да се овозможат можности за детето да се вклучи и посвети на своите интереси. Треба да се внимава на тоа дека не секогаш интересите на родителот се поклопуваат со оние на детето, или дека родителот најдобро знае што да го интересира детето.

Друг начин е да им се обезбедни на децата можност да им помагаат на другите. Децата што се вклучуваат во подобрувањето на добросостојбата на другите имаат чувство на задоволство, на компетенција и поголема мотивација за извршување на разни активности.

Како родител исто така, може да му помогнете на вашето дете со тоа што нема да реагирате на неговите гршки со оценувачки и навредливи забелешки. Наместо тоа може да користите конструктивни коментари со кои децата знаат дека нема да бидат осудувани и критикувани за грешката, па ќе бидат подготвени за превземање на нови реални предизвици.

Негувањето на природниот оптимизам и внатрешната мотивација кај децата бара дополнителна грижа, но времето и енергијата на возрасните насочени кон тоа ќе помогне на нивно зајакнување и одржување во долго време.

Извор
Превод: Елена Столевска – Бреинобреин Едукатор