Наслов

Охрабрете независност, чекор по чекор

Една од најважните улоги како родители е како да израснеме деца кои ќе станат независни и ќе се потпираат на своите ресурси и снаги. Секако во раните фази од детскиот развој, децата ќе сметаат на вас за поддршка и нега. Како што ќе растат тие ќе станат понезависни во базичните области од живеењето, но сеуште ќе зависат од вас за љубов, сигурност, водство и поддршка.

Како што децата го достигнуваат адолесцентниот период така ќе стануваат се понезависни во сите аспекти на нивниот живот. Овој процес на сепарација ги припремува децата за возрасниот период.

Оваа прогресија кон возрасниот период е неизбежна, секој родител го знае тоа, мегутоа иако нашите постапки се секогаш најдобронамерни не секогаш им помагаат на децата да ја достигнат својата независност. Независноста всушност е подарок кој може да му го подарите на детето од кој ќе има придобивки во текот на целиот свој живот.

Таа не е нешто што вашето дете може да ја создаде само. Децата не поседуваат перспектива, искуство ниту вештини за да изградат независност, без поддршка од вас.

Пронаогањето на балансот е првиот чекор кон градењето независност, а во исто време негување и почитување на потребата да бидеме поврзани со другите кои ни значат.

Иако не постои код според кој може да го одгледате вашето да биде независно, има неколку сугестии со кои може да се постигне здрава независност без да се притисне детето да порасне пребрзо.

1. Создадете независна средина: Овозможете им на децата сами да завршат одредена задача. Не им помагајте додека не се уверите дека ги испорбале сите можности за да ја завршат истата.

2. Признание и успех: Охрабрете го детето доколку ја завршило само задачата. Ова може да е било каква задача без рзлика колку мала изгледа.

3. Пронајдете храброст да го ослободите детето: Покажете доверба во способностите на вашето дете.

4. Можност за учење: Константното помагање на детето им ја одзема можноста за искуство кое ќе им донесе нови можности за учење.

5. Охрабрете истражување: Откако вашето дете ќе воспостави чувство на сигурност, вие го поттикнете да ја истражува околината надвор од своето гнездо, ќе му овозможите да ги тестира своите капацитети во реалниот свет.

Секое дете може да практикува независност и секој родител може да го солободи детето да проба да биде независно. Независноста е како скок во висина. Потребно е да трчаш, да скокнеш и понекогаш и да паднеш, и секако повторно да пробаш. Како родители ќе ни е тешко да го гледаме детето да падне, но неможеме да скокаме за нив. На крај тие ќе имаат и успешни моменти а вие нема да сте тука да ги видите. Но ако верувате дека вашата работа е да одгледате дете кое ќе е спремно еден ден да замине, најважно е да ги ослободите и да ги гледате од одредено растојание.

Ако вашето дете е независно вие сте му овозможиле верба дека е компетентно и способно да се грижи за себе. Сте му понудиле водство да пронајде активности кои се значајни и задоволувачки. Сте му дале слобода на вашето дете да го доживее животот целосно и да научи многу важни лекции.

Како што напишал и големиот Антоан де Сент Егзипери:
„Ако од луѓето сакаш да направиш добри морнари, немој да ги учиш како да врзуваат јазли. Само научи ги како да се вљубат во морската шир!"

Бреинобреин Европа

04 Октомври 2017

За авторот