Нередовното спиење ја пореметува емоционалната состојба на децата

Редовен сон како неопходност за децата

Можеби мака мачите додека ги легнете децата на време во кревет, но не се откажувајте бидејќи студии укажуваат дека упорноста ќе ви се исплати на долг рок со помалку проблеми во однесувањето кај детето.

 

Извештај од студијата направена на UCL (Универзитет Колеџ Лондон) истакнува дека истражувачите анализирале повеќе од 10,000 деца на 3, 5 и 7 години и ги споредиле резултатите во однос на нивното однесување со времето кога си легнуваат. Децата со нерегуларен сон имаат поголеми шанси да постигнат помалку бодови на тестовите каде се мери нивната способност за решавање на проблеми, а имаат поголеми шанси за хиперактивност, емоционални проблеми и проблеми при справувањето со нивните врсници. Едно на секое петто дете си легнувало во различно време кога имало 3 години.

Научниците велат дека нередовното спиење може да го поремети дневниот ритам на децата, кој се воспоставува со теркот спиење-будење во исто време и може да резултира со недостаток на сон. Исто како и возрасните кои страдаат и ги чувствуваат ефектите поради недостатокот на сон, така е и кај децата. ”Знаеме дека раниот развој кај децата има витално значење врз здравјето и добрата состојба на истите во понатамошниот живот” – вели Ивон Кели, една од ко-авторите во студијата и професор на одделот за Епидемиологија и Јавно здравство на Универзитетот Колеџ Лондон (UCL).

Додека предходни студии документирале зголемување бројката на деца со пореметен сон, кои се пореметени од компјутерите, социјалните мрежи и видео игрите подоцна во ноќта, сегашните студии документираат дека дури и на рана возраст, нередовниот сон може да го поремети развојот на детето. Истражувачите докажаа дека ефектите од недостатокот на сон се зголемува со годините на детето.

Но добрата вест е дека ефектите се повратни. Децата чии родители некако успеале повторно им воспостават регуларно легнување во кревет, покажале подобрување во нивното однесување.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија