Наслов

Што родителите би требало да знаат...

По 25 години работа со деца, педијатарот Др. Стивен Кован кај нив забележува одредени модели на однесување што може да ни помогнат за подлабоко разбирање на здравјето. Ова се некои од неговите научени лекции и видувања....

Растот и развојот не се трка. Во денешно време тешко е да се замисли спор и сталожен живот. Во овој механизиран, пост-индустриски свет на брзина и ефикасност, забораваме дека животот е процес на зреење. За да се добие квалитетен плод, треба да се гаат неговите корени. Заедно со вашето дете обрнете внимание на основните работи во животот како заеднички прошетки, оброци, игри и раскажување приказни од вашето детство. 

Создавајте фамилијарни традиции што ги продлабочуваат семејните корени и здравиот живот. Семејните традиции се свети бидејќи ги зајакнуваат врските на љубов и интимност, а воедно градат и самодоверба која што ќе го следи вашето дете на овој свет. 

Растењето е циклично. Постои ритам и пулс во животот на секое дете, понекогаш брз и интензивен, а понекогаш спор и тивок. Секоја фаза во детскиот живот е време на нови откритија и чудење. Учењето не е само процес на прибирање информации. Тоа е процес на трансформација на идеите и понекогаш бара да се заборави предходното искуство за да се види светот со свежи очи. Некои деца прават чекор назад, пред да направат голем чекор напред. 

Цикличното растење значи дека не добиваме само една шанса за да научиме нешто ново. Истата лекција ќе ни биде понудена одновно како што минуваме низ етапите во нашиот живот.

Охрабрувањето не е исто што и попуштањето. Понови студии покажуваат дека попуштањето ја ослабнува моќта на преживување кај вашето дете, потиснувајќи ја мотивацијата и намалувајќи го чувството за успех. 

Охрабрувањето значи да се поттикне храброста кај вашето дете, а не да правите работи за него. Несебичната љубов е основа која го охрабрува вашето дете да ги користи шансите, да експериментира и да греши без осудување.

Со охрабрувањето се создава простор за делување, додека со попуштањето се намалува слободата со тоа што се зголемува чувството за одобрување и се намалува трпението потребно за работа и надминување на пречките.

Децата се наши спиритуелни учители. Не ви треба скапо платен спиритуален ритуал за да се просветлите. Вашите мали учители се точно пред вас, нудејќи ви вистинска мудрост, бесплатно! 

Децата го следат секој наш чекор додека се малечки, проучувајќи ги нашите недоследности додека пробуваат да го осознаат овој луд свет. Кога детето пробува да ви каже нешто, застанете, и слушнете што има да ви каже. Една од тајните на родителството е нашата желба да се трансформираме поради љубовта кон нашите деца. Кога сте желни ги погледнете своите постапки, се отворате за подлабока свесност кон себе која е трансформирачка како за вас така и за вашето дете. 

Симптомот е начин на кој што телото ни дава до знаење дека нешто мора да се промени. Телото има своја интелегенција, а сепак пробуваат да нè убедат дека не е во ред да се чувствуваат симптоми. Треба повеќе да и се верува на интелегенцијата на телото. Премногу мислиме и се плашиме од чувствата во нашето тело.

Од децата може да се научи дека симптомот на треска всушност и не е некој проблем. Што и да ја предизвикува треската не е проблем, а температурата е едноставно начин на кој телото се справува со она што му се случува во моментот.

Ако детето има настинка, а сеуште е расположено, тогаш не треба да му се потиснува треската. Тоа значи дека телото пробува да направи метаболичка топлина за да го мобилизира имуниот систем. За да го потпомогнете овој процес, давајте му топли напитоци за да не дехидрира и лесна храна како супа за да се надополни со енергија. 

Бидете подготвени. Оваа состојба на подготвеност може да биде напојувана од самодоверба или од страв. Да се биде здрав, не значи никогаш да не се доживее болест, а да се биде болен не значи дека сме потфрлиле. Животот е патешествие на падови и подеми кои што детето во развој ги живее во постојана состојба на флуктоации. Силен имунолошки систем е оној што учи како да се разболе и како да се опорави. Живеењето во премногу чисти услови ни ја одзема можноста да ги добиеме информациите што се неопходни за да бидеме потполно подготвени за опоравување. 

Наместо да живеете во страв од болести, постојат природни начини што можат да ги стимулираат децата побрзо и поефикасно да се опорават од болести и тоа: квалитетна исхрана, хидратација, пробиотици, одмор и физичка активност. Но што е најважно? Да се фокусирајте на тоа колку често детето е добро наместо на тоа колку пати се разболело. 

Опоравувањето си бара време. Како општество, навикнати сме на брзи методи на опоравување бидејќи повеќе немаме време ни да се разболеме. 

При итни случаеви, појаки лекови се неопходни за да се зачува живот, но за повеќето здравствени проблеми во детството нема потреба од итност, туку само треба да помине време. 

Кога не им дозволуваме на децата да се опорават со време, им ги одземаме неопходните фази кои што треба да ги доживеат за да развијат долгорочно здравје. Во периодот на опоравување, болеста станува патешествие на откритија, а не само дестинација.  

Тајната на животот е во ослободувањето. Секоја развојна фаза е процес на ослободување. Лазењето дава простор на одењето, мрморењето дава простор на зборувањето, детството дава простор на адолесценцијата. Со дишењето, вие издишувате.

Со секоја сезона, со секоја фаза, секоја мал ритам во нашите животи означува ослободување. Тоа ни дозволува да се ослободиме од она што не ни е потребно и да направиме простор за новите работи. Не е лесно да го научите детето да се ослободува од работите, но затоа научете да ја цените неговата уникатната природа.

Можеби најважниот начин како децата можат нас да нè учат како да се ослободиме од минатото е во начинот на кој тие си играат. Играњето значи ослободување од нашите инхибиции. Ве ослободува и ви дозволува да не се доживувате премногу сериозно.

Верувајте си себеси, вие сте експертот за вашето дете. Уште кога ќе се роди бебето од нас се очекува да знаеме сè, а сепак се чувствуваме како да не знаеме ништо. Но децата можат да нè научат дека незнаењето може да послужи како вистинска прилика за да се доживее моќта на интуицијата. 

Совесното родителство започнува со слушање на вашето дете со отворено срце, без присуство на паника и страв. Студии покажале дека интуицијата на мајката е помоќна од секој лабораториски тест кога се работи за откривање на проблеми. За несреќа, во денешно време сме преоптоварени со толку многу информации што ја попречуваат оваа наша способност. 

Погледнете пошироко. Кога правиме чекор назад и ја гледаме големата слика во нашите животи, тогаш ја откриваме мудроста и сочуството. 

04 Октомври 2013

За авторот