Наслов

Маршмало Експеримент – Тест на самоконтрола

Пред повеќе од 40 години психологот Волтер Мишел спровел тест кај деца (на возраст 4-6 години) кој и покрај тоа што бил многу едноставен денес е еден од најпознатите експерименти во психологијата.

Волтер на децата им дал избор и тоа: да уживаат во нивното колаче или перек (да го изедат веднаш) или да почекаат и во тој случај да добијат уште по едно парче (доколку издржат). Секое детенце било оставено 15 минути насамо, со некое благце, најчесто маршмало, па оттаму експериментот се прочул под името Stanford Marshmallow Experiment.

Суштината на експериментот е одложување на задоволство и оние дечиња (следени од страна на психологот Мишел и неговите колеги и во подоцнешниот развој) кои успеале да се воздржат, многу подобро се снаоѓале во училиште, на работното место отколку оние кои го прекршиле времето на чекање. Тоа и има смисла: на пример самоконтролата те држи дома да учиш отколку да излегуваш и заглавуваш надвор без да ги завршиш обврските, самоконтролата е онаа која те држи во одреден спорт со години наместо да тепаш време на улица и сл.

Погледнете за што се работи.

07 Февруари 2014

За авторот