Марија Бунтеска новата шампионка на Балканот

Марија Бунтеска е новата шампионка на Балканот и тоа во кати за деца до 11 години. До овој успех дојде откако без некои големи проблеми ги победи и силите како што се Турција и Босна.

Инаку таа му се заблагодари многу на нејзиниот тренер, Муарем Имери, како и неговите родители. „Ова ми беше сон што го реализирав. Овој успех немаше да го постигнам ако немав поддршка од моите родители и тренерот. Сега ќе работам уште повеќе за врвни резултати во иднина, како на европско и светско првенство”, изјави Бунтеска по освјувањето на златниот медал. Инаку Балканското првенство се одржа викендов во Истанбул – Турција.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија