Манифест за децата од Беар Грилс

… Качувајте планини, превземајте ризици и банирајте ги компјутерските игри!

Главната цел на овој манифест е да се спаси идната генерација од пропаст. Беар Грилс, телевизиска ѕвезда за ултимативно преживување во дивина, сака да ја искористи својата популарност за да ги инспирира и едуцира децата да поминуваат повеќе време во допир со природата, да се охрабруваат самите да носат заклучоци за безбедноста на теренот и часовите во надворешни услови да бидат задолжителни за секое дете.

Тој смета дека овој проект може да достигне поголема популарност од онаа на политичарите, особено кај младите. Во интервјуто за “Radio Times” Грилс ги споделува своите правила што ќе и помогнат на следната генерација да се справи со предизвиците на модерното живеење. „Порано требаше да станеш премиер за да го смениш светот, а денес доволна е популарноста на ТВ за да ги мотивираш и инспирираш луѓето за промени” вели Беар Грилс.

Инаку како татко на три синови, тој воведува шест правила по кои треба да се водат за да бидат „фит”. А тука спаѓа и забраната за компјутерски игри. „Сите сме инволвирани во истата битка со децата и тешко е бидејќи се работи за голем дел од модерната култура”. Но долготрајното седење пред компјутер дефинитивно ја уништува фантазијата и инстиктите за преживување. 

На децата треба да им се овозможи што повеќе да се качуваат на планини и да превземаат ризици.

Некогаш проблем е што тие немаат доволно опции што ќе ја разбудат нивната љубопитност за истражување. Затоа треба да им понудиме што повеќе скаут опции за полесно да го пронајдат својот фаворит.

Ова е манифестот за деца од Беар Грилс:

1. Бидете во форма.

2. Часови во надворешни услови за сите.

3. Забрана за компјутерски игри.

4. Качување на планина.

5. Превземање ризици.

6. Заедничка работа.

Извор