Колку е доволно?

Наслов

Дневна доза физичка активност за едно дете?

Честопати родителите се прашуваат што, и колку би било идеално за нивното дете кога станува збор за спорт или било каква физичка активност. Дали претеруваат или пак треба да постават поголем предизвик. И самата јас како родител бев неодлучна и еуфорична кој спорт/активност да го одберам за сопственото дете, а да не го оптеретам или штедам.

Еден општ одговор од стручните лица во оваа област може да ви даде насока.

Тие велат дека децата од 6 годишна возраст и постари имаат потреба од едночасовна физичка активност во текот на денот. Поголемиот дел од овој час треба да биде исполнет со разновидност, од умерена до енергична аеробна активност. Во прилог на сето тоа, пожелно е малите да изведуваат активности што го подржуваат јакнењето на муслкулите и коските, и тоа најмалку три пати неделно.

Играње на игралиште (добро уредено со реквизити), скокање со јаже и сличните активности во основа ја покриваат дневната потреба. Организирани спортски активности се исто така добра опција. Но не ограничувајте се само на тимски спортови. Наместо тоа бидете креативни во изборот на спортска активност во која вашето дете ќе се пронајде себеси и ќе ужива.

Навистина е едноставно. На пример, ако вашето дете обожава да чита, појдете до локалната библиотека со велосипед или ролери. Доколку сака да танцува, пуштете ја омилената музика и танцувајте во дневната или детската соба. Креативност, и тоа е тоа!

Физичката активност е витален стимуланс за правилниот развој на вашето дете. Бидете модел за вашето дете, не заборавајте дека вие, родителите сте нивното ID. Спортот како точка на дневната агенда на едно дете е основа за изградба на доживотни здрави навики.
Btw јас се одлучив за пливање, и за мене и за моето дете... ајдееее одиме на тренинг!

 

08 Октомври 2013

За авторот